Доктор Фазлиу: Вакцините спречуваат смрт!

Бидејќи секоја објава на социјалните мрежи има потенцијал масовно да се споделува, споделувачите на информациите во моментот кога нивната објава ја засноваат на анонимни извори, најмалку што треба да направат е истата да ја поткрепат со други факти. Сомнежи се будат во моментот кога изворите се „анонимни“.

И бидејќи лицето Нухејб Нуман не го направило ова и бидејќи шири дезинформации дека вакцините предизвикуваат низа болести, Порталб разговараше со лекарот Адурим Фазлиу кој ги демантираше сите зборови напишани на гореспоменатата објава на Фејсбук, пишува Порталб.мк.

 

Лицето Нухејб Нуман во објава на Фејсбук наводно ги цитира здрвствените работници како се жалат за тешките несакани ефекти кои ги имале по примање на вакцината.

 

Некои докази од медицинскиот персонал: Работам во Брзата помош и ќе ви кажам зошто нема да се вакцинирам. Секој трет пациент доаѓа со тежок несакан ефект. Некои се жалат дека срцето им чука толку брзо што ќе им излезе од градите, имаат промени во видот, вкочанетост, проблеми со кожата, момчиња и девојчиња со миокардитис, згрутчување, тумори, моите колеги дури имале и парализа на лицето, напишал Нухејб Нуман на Фејсбук.

 

Речиси ништо од напишаното во овој пост не е точно, и иако има случаи на срцеви проблеми по примањето на вакцината против Ковид-19 кај помладите возрасни групи, мора да се каже дека овој несакан ефект е исклучително редок.

 

Дури и да се случи најлошото сценарио, тоа нема да се случи во 99,9 проценти од случаите, рече кардиологот и eпидемиолог Кристофер Лабос, додавајќи дека повеќето луѓе кои ќе се вакцинираат, дури и младите, нема да имаат проблем со срцето.

 

Мал дел од луѓето кои имаат несакани ефекти ќе имаат благи несакани ефекти кои се повлекуваат брзо во домашни услови, без потреба од лекар, рече Лабос, и додаде дека овие ефекти „не предизвикуваат проблеми со срцето”.

 

Студија од Израел објавена од Медицинскиот магазин на Њу Ингланд покажа дека можноста за воспаление во срцето по вакцинацијата е доста мала – меѓутоа беше докажано дека можноста за појава на проблеми со срцето е поголема при инфекција со вирусот на Ковид-19 отколку со вакцините.

 

Во продолжение, ова лице пишува за едно друго „сведоштво” на медицинскиот персонал во врска со вакцините без да даде докази, без да каже кои се тие лекари и кој е изворот на информацијата.

 

Друго сведоштво од медицинскиот персонал: Еден колега го имаше првиот срцев удар две недели по првата доза на Фајзер и веднаш по него уште еден. Потоа имаше аритмија и строго му беше кажано никому да не кажува дека тоа му се случило по вакцинацијата, бидејќи… и така не можел да го докаже тоа! … Потоа ги прашав вработените во оделението за Ковид-19 и ми рекоа дека скоро секој трет пациент завршува кај нив по примање на вакцината (главно на Фајзер). Па затоа се збунив… и им кажав да ги пријават сите случаи, а тие ми рекоа дека ги условувале да не го прават тоа, а и во општата пракса не се прифаќале „приговорите“. Па се запрашав каде може да се пријави ова, и да бидам сигурен дека и тој број ќе биде вклучен во статистиката?! напишал Нухејб Нуман.

 

Околу ова тема резговаравме со лекарот Адурим Фазлиу кој за Порталб.мк потврди дека нема научни докази кои ги потврдуваат наводите од објавата, и воедно Фазлиу рече дека ова објава и слични објави треба да се земаат со резерва.

 

Информациите што ги објавуваат различни медиуми, а за кои го кријат изворот на информацијата мора да се земат со голема резерва. Не постои научен доказ кој сугерира дека вакцината предизвикала тумор, парализа на лицето или оштетување на видот. Манифестирањето на било каков несакан ефект се објавува од Центарот за контрола и превенција на болестите во САД и Агенцијата за храна и лекови и тие податоци се транспарентни низ целиот свет, изјави Адурим Фазлиу, лекар.

 

Фазлиу додаде дека во моментов масовната вакцинација е единствен начин да се спречи големиот број на смртни случаи предизвикани од корона вирусот и додаде дека тоа е единственото средство за борба против тешките последици од Ковид-19.

 

Само преку масовна вакцинација можеме да го спречиме и намалиме големиот број на смртни случаи предизвикани од Ковид 19 или компликациите кои настануваат како последица на вирусот. Должност на секој здравствен работник е точно и правилно да информира за позитивните страни на вакцината, но доколку има, и за несаканите ефекти. На овој начин се постигнува поголема свест за мерката вакцинација како единствено средство за борба против катастрофалните последици предизвикани од вирусот на глобално ниво, додаде Адурим Фазлиу.

 

Инаку, имајќи предвид дека секоја социјална мрежа сама по себе може да се смета за „медиум“, многу е важно во моментот кога се користат „анонимни“ докази, споделувачот на информациите да вложи напори тврдењата и фактите да ги поткрепи со други извори, во спротивно текстот е пристрасен и нецелосен.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција