Доктор Хасан Танер злоупотребен во лажна реклама за комерцијални цели

Фото: Скриншот од изменетото видео

Видеото од објавата што ја рецензираме е извадено од интервју што овој доктор го даде за медиумот „Слободен печат“ на 15 февруари 2024 година. Во целосното интервју кое може да го погледнете на следниот линк, тој воопшто не ги кажува речениците кои што ги кажува во монтираното, изменето со вештачка интелигенција видео од објавата што ја рецензираме.

Видеото од објавата што ја рецензираме е извадено од интервју што овој доктор го даде за медиумот „Слободен печат“ на 15 февруари 2024 година. Во целосното интервју кое може да го погледнете на следниот линк, тој воопшто не ги кажува речениците кои што ги кажува во монтираното, изменето со вештачка интелигенција видео од објавата што ја рецензираме

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ во која се споделува видео материјал и пишува:

Топете 15 кг за само 7 дена! Најбрзиот и најефикасен метод… Заборавете на гладување. Топете 15 кг за само 7 дена! Најбрзиот и најефикасен метод за слабеење без напор!
Во склоп на објавата споделен е видео материјал на кој се наоѓа доктор Хасан Танер, ендокринолог од земјава, кој моментално е директор на Клиниката за ендокринологија, а претходно работеше во ГОБ „8 Септември“.
Видеото од објавата што ја рецензираме е извадено од интервју што овој доктор го даде за медиумот „Слободен печат“ на 15 февруари 2024 година. Во целосното интервју кое може да го погледнете на следниот линк, тој воопшто не ги кажува речениците кои што ги кажува во монтираното, изменето со вештачка интелигенција видео од објавата што ја рецензираме. Во видеото кое е изменето  се слушаат реченици кои доктор Танер никогаш ги нема изјавено:
Направете го ова наутро и навечер ако сакате да ослабете. Особено ако имате повеќе од 80 килограми. Ќе ви покажам нов метод кој ќе ви помогне да ја контролирате вашата тежина па дури и да ги промените сите фази на дебелина дома со природен метод за кој ќе ви бидат потребни само 30 секунди на ден. Многу мажи и жени губат тежина во моментов и нивните крвни садови се исчистени од холестерол. Направете го ова само навечер пред спиење. Според една студија на универзитетот Харвард докажано е дека вистинската причина за килограми не е прекумерното конзумирање јаглехидрати и масти, ниту возраста, а секако ни количината на шеќер. Туку таа причина е мала токсична молекула во вашето тело. Тоа влијае на вашата тироидна жлезда и колку подолго оваа токсична молекула останува во вашето тело, толку повеќе килограми добивате. За жал нашето тело не може природно да ја елиминира оваа токсична молекула. Добрата вест е што истите научници создадоа домашна метода што може да ја елиминира оваа токсична молекула а вашата тежина ќе почне да се нормализира во првите недели.
Наспроти тоа, во вистинското интервју кое што доктор Танер го даде за медиумот „Слободен печат“ тој говори за несаканите ефекти на „оземпик“ и дека не е за козметичко слабеење. Во времето кога тој го даде ова интервју за „Слободен печат“ беше дел од Центарот за лекување дебелина во ГОБ „8 Септември“ каде пациентите со индекс на телесна маса повисок од 30 се прегледуваат од специјалисти, за рана дијагноза и третман на обезноста.
Во интервјуто Танер ја објаснува разликата меѓу лековите „оземпик“ и „саксенда“, потенцирајќи дека само пациентите со дијабетес може да добијат „оземпик“, додека обезните пациенти без дијабетес добиваат „саксенда“ и тоа исклучиво по медицинска индикација и ако така оцени доктор. Во центрите за обезност отворени во ГОБ „8 Септември“ и во Клиниката за ендокринологија при Клинички центар „Мајка Тереза“, се прават бројни промени со мултидисциплинарен тим медицински експерти, за да се промени животниот стил на пациентите што се борат со дебелината, а ако тоа не помогне, тогаш докторот одлучува дали пациентот е подобен за медицинска терапија.
Доктор Хасан Танер на својот Фејсбук профил напиша:
Денеска ми беше испратена видео снимка каде без моја дозвола се користи мојот лик но со лажен глас за комерцијални цели. Ви потвердувам дека видеото е лажно и јас немам никаква врска со содржината на видеото. Истото ќе биде пријавено во полиција и ќе се бара одговорност од сторителите.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која е изменета содржината (altered content).

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција