Доктор Никола Пановски и актерот Тони Михајловски не промовираат „метод“ против артритис и остеопороза

Како дел од стратегијата на овој невистинит и манипулативен маркетинг се и фабрикуваните коментари под самиот текст, кадешто се оставаат наводни „позитивни рецензии“ за производот. Сите потекнуваат од измислени и непостоечки „клиенти“ коишто не можат да се верификуваат.

Како дел од стратегијата на овој невистинит и манипулативен маркетинг се и фабрикуваните коментари под самиот текст, кадешто се оставаат наводни „позитивни рецензии“ за производот. Сите потекнуваат од измислени и непостоечки „клиенти“ коишто не можат да се верификуваат

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Болките во грбот, зглобовите и половината поминуваат за 3 дена! Остеоартритисот е минато! Зошто аптеките молчат? Иновативен, природен метод кој веќе спаси илјадници животи…
Во склоп на објавата се споделува видео во коешто е злоупотребен идентитетот на доктор Никола Пановски и комплетно е фабрикувано целосно сценарио за да се продаде суплемент кој доктор Пановски никогаш не го промовирал. За таа цел, комплетно се измислени зборови кои што потоа со монтажа се накалемени, наводно како да ги кажал Пановски иако тоа никогаш не се случило. Во видеото тој невистинито е претставен како „биохемичар и онколог“ иако во реалноста е микробиолог. Вториот показател дека се работи за измамничко видео е тоа што во самото видео има граматички нелогичности и несоодветни реченични фрази на македонски јазик. Тоа е така зашто говорот во видеото е креиран со вештачка интелигенција и не е автентичен.
Артритис и остеоартритис, двете дијагнози кои што се споменуваат во видеото, не се нешто коешто го дијагностицира доктор Пановски. Тој е микробиолог и сите зборови коишто изгледа дека ги изговара во видеото се измислени и невистинито му се атрибуирани нему.

Во склоп на објавата има и невистинит напис каде е злоупотребен идентитетот на актерот Тони Михајловски, а во објавата е невистинито претставен како да е „познат балкански пејач“ кој „ја загубил функцијата на нозете“. Ова е невистина.

Целиот напис на дополнителниот линк е измислица и создаден е со цел невистинитиот маркетинг да предизвика граѓаните да нарачуваат од суплементот кој се претставува како делотворен. Невистинито во текстот се објавени и наводни резултати од тестирање врз реални луѓе во Македонија, Германија и САД. Ова се невистинити податоци и никогаш овој производ не бил тестиран врз луѓе во Македонија, Германија и САД. Не е вистинита ниту изјавата која му се припишува на доктор Никола Пановски за „резултатите од лабораториските тестови“. Не е точно ниту дека има „програма за финансирање на 20 илјади пакувања“ и дека сега „во Македонија сите над 40 години може да добијат попуст до 50 проценти“ на препаратот. Тоа е се измислица, за да се креира пресија дека наводно мора да се купи производот што побрзо пред да го снема.

Како дел од стратегијата на овој невистинит и манипулативен маркетинг се и фабрикуваните коментари под самиот текст, каде што се оставаат наводни „позитивни рецензии“ за производот. Сите потекнуваат од измислени и непостоечки „клиенти“ кои што не можат да се верификуваат.

Злоупотребата на познати лекари со високо реноме и стручност и на јавни личности за да се промовираат во нивно име препарати зад кои тие не стојат е манипулативна невистинита и неетичка пракса се поприсутна на социјалните мрежи, особено со појавата на вештачката интелигенција која се злоупотребува на таков начин.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција