Доктор Злате Мехмедовиќ злоупотребен во лажна реклама за препарат за колена
Во видеото од објавата лажна е целата „изјава“ на доктор Злате Мехмедовиќ, односно таа е само „залепена“ со тон што го чита вештачка интелигенција. Речениците кои личи дека ги кажува Мехмедовиќ тој никогаш не ги кажал, ниту пак промовирал некаков „лек за зглобови“ со кои и самиот се излекувал. Станува збор за целосна фабрикација. Самиот доктор Злате Мехмедовиќ на својот Фејсбук профил најави дека ќе ги пријави овие нелегални активности со злоупотреба на неговиот идентитет во Министерството за внатрешни работи
Во видеото од објавата лажна е целата „изјава“ на доктор Злате Мехмедовиќ, односно таа е само „залепена“ со тон што го чита вештачка интелигенција. Речениците кои личи дека ги кажува Мехмедовиќ тој никогаш не ги кажал, ниту пак промовирал некаков „лек за зглобови“ со кои и самиот се излекувал. Станува збор за целосна фабрикација. Самиот доктор Злате Мехмедовиќ на својот Фејсбук профил најави дека ќе ги пријави овие нелегални активности со злоупотреба на неговиот идентитет во Министерството за внатрешни работи
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Злате Мехмедовиќ им објасни на стручњаците зошто никогаш не чувствува болки во зглобовите: Веќе 30 години, на секои 2 месеци ги мачкам колената и грбот со овој препарат. Овој метод го наследив од мојот дедо“.
Во објавата (којашто во меѓувреме е избришана) се споделува видеоматеријал којшто е изменет со помош на вештачка интелигенција и во него е презентирана сосема фабрикувана, лажна изјава од доктор Злате Мехмедовиќ кој во моментов ја извршува функцијата директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Станува збор за интервју коешто е постаро и Мехмедовиќ го има дадено за Сител телевизија, но содржината на интервјуто воопшто не кореспондира со тоа што е монтирано како глас во објавата и видеото од објавата што ги рецензираме. Имено, ваквите интернет измами со препарати кои се рекламираат на нечесен начин, имаат голема опасност по јавното здравје, особено што во нив се злоупотребуваат доктори коишто имаат репутација на професионалци и на медицински лица на кои граѓаните им веруваат.
Во видеото од објавата лажна е целата „изјава“ на доктор Мехмедовиќ, односно таа е само „залепена“ со тон што го чита вештачка интелигенција. Речениците кои личи дека ги кажува Мехмедовиќ тој никогаш не ги кажал, поточно никогаш не кажал како што лажно се тврди „дека сите што лекуваат зглобови со таблети идиоти“, ниту пак промовирал некаков „лек за зглобови“ со кои и самиот се излекувал. Станува збор за целосна фабрикација.
Oбјавата беше споделена од оваа Фејсбук страница – Biored којашто има само 107 лајкови и 110 следбеници. Страницата е креирана на 12 јануари 2025 г. и има само една објава.
Инаку, видео со лажна изјава на доктор Злате Мехмедовиќ се споделува и во оваа објава на Фејсбук.
Самиот доктор Злате Мехмедовиќ на својот Фејсбук профил најави дека ќе ги пријави овие нелегални активности со злоупотреба на неговиот идентитет во Министерството за внатрешни работи.
Почитувани пријатели, сакам да ве информирам дека на Фејсбук се шират лажни реклами за медицински препарати во кои се злоупотребува моето име. Немојте да наседнувате и да бидете жртви на бизнисот на измамници. Истите ќе бидат пријавени во секторот за интернет криминал во МВР. Во прилог на сликите ви ги доставувам и линковите на кои се постирани видеата. Ве молам споделете, напиша доктор Мехмедовиќ.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар