Докторите не ги убиваат децата со штетни вакцини

Бебе во Непал прима полио вакцина Фото: Department of Foreign Affairs and Trade website – www.dfat.gov.au, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Вакцините не само што не се смртоносни како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме, туку помагаат да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот.

Вакцините не само што не се смртоносни како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме, туку помагаат да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците на СЗО покажуваат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Мислите докторите не знаат за штетноста на вакцините? Но сепак ги убиваат вашите деца!

Не е точно дека докторите ги убиваат децата со штетни вакцини. Вакцините се најголемата придобивка на современата медицина и спасуваат животи на начин што помагаат во спречување на многу опасни заразни болести. Со примање вакцина, организмот создава заштита против вируси и бактерии без да мора да се прележи болеста. На овој начин се намалува ризикот од сериозни компликации, хоспитализација и смрт, особено кај децата, постарите лица и луѓето со послаб имунитет.

Покрај индивидуалната заштита, вакцините имаат и големо значење за целото општество. Кога поголем дел од населението е вакцинирано, се создава колективен имунитет кој го ограничува ширењето на заразите. Тоа е особено важно за луѓето кои не можат да примат вакцина поради здравствени причини. Благодарение на вакцинацијата, некои болести кои некогаш предизвикувале големи епидемии денес се ретки или целосно искоренети.

Вакцините исто така придонесуваат за подобар квалитет на живот и економска стабилност. Со намалување на бројот на заболени, се намалуваат и трошоците за лекување и престој во болница. Луѓето можат да продолжат со своето образование, работа и секојдневни активности без големи прекини предизвикани од болести. Затоа, редовната вакцинација е важен чекор за зачувување на јавното здравје и благосостојбата на заедницата.

Како што објави Светската здравствена организација во 2024 година, огромна студија објавена од „Лансет“ открива дека глобалната имунизација има спасено околу 154 милиони животи, што е еквивалентно на 6 животи во секоја минута на секоја година во последните 50 години.

Најголемиот дел од овие спасени животи, вкупно 101 милион, се на новороденчиња. Студијата водена од Светската здравствена организација покажува дека имунизацијата е најголем придонес од која било здравствена интервенција за да се осигури дека бебињата не само што ќе го прослават својот прв роденден, туку и ќе продолжат да водат здрави животи во младоста, наведува СЗО.

Според Министерството за здравство на Република Северна Македонија, редовните вакцини се безбедни и ефикасни, темелно тестирани и докажано спречуваат сериозни болести.

Северна Македонија има национален календар за редовна имунизација ги содржи сите потребни вакцини за заштита. Вакцините кои се регистрирани во земјава се истите што се користат во европските земји. 

Вакцината е многу побезбедна од заболувањето со која било болест. Повеќето деца немаат никакви сериозни проблеми после вакцинацијата. Вакцината, како и секој лек, може да имаат несакани ефекти. Чести несакани ефекти се болка во раката од боцкањето, температура и благо исипување. Многу ретки несакани ефекти се алергиска реакција или грчеви.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД тврди дека вакцинацијата во текот на детството е од суштинско значење, бидејќи помага да се обезбеди имунитет пред децата да бидат изложени на потенцијално опасни по живот болести.

Вакцините не само што не се смртоносни како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме, туку помагаат да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.

Докторите коишто алармираат за позитивните животоспасувачки ефекти на детските вакцини, се цел на кампања за дискредитација и дезинформации вклучително и дека „ги убиваат децата“ како што се тврди во објавата која ја рецензираме. Во објавата се прави обид да им се наметне ним дека „знаеле“ за наводната „штетност“ на вакцините и дека наводно ги „убиваат“ децата – но вистината е дека тие само информираат научни факти за родителите да знаат зошто е добро да ги вакцинираат своите деца.

Но, бројот на спасени детски животи не е единствената придобивка од детската имунизација.

Кај децата родени меѓу 1994 и 2023 година, рутинската детска вакцинација спасила 508 милиони случаи на заболување, 32 милиони хоспитализации и 1,129,000 смртни случаи, што резултира со директна заштеда од 540 милијарди долари, наведува Центарот за контрола и превенција на болести на САД.

Вистиномер пишуваше за безбедноста и ефикасноста на детските вакцини овде.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција