Доналд Трамп не му е син на генералот Патон

Фото: Michael Vadon, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Тврдењето дека Патон му е татко на Трамп е теорија на заговор што се појавува на маргинални онлајн простори и е дел од поширокото движење Кју Анон

Тврдењето дека Патон му е татко на Трамп е теорија на заговор што се појавува на маргинални онлајн простори и е дел од поширокото движење Кју Анон.Татко на Доналд Трамп e Фред Трамп (Фредерик Крист Трамп), њујоршки градежен инвеститор. Патон беше генерал во американската армија за време на Втората светска војна и почина во 1945 година.Трамп е роден во 1946 година и не постои позната директна роднинска врска меѓу нив

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

11.01.2026
Заборавете на сите меѓународни права.
Ова е син на Генерал Патон и е цврст орев.
Нема убедување. Нема игра.
Тоа е моја лична проценка.
Сигурен сум и очекувам нови шокантни апсења и настани, силни промени.

Не е точно наведеното во објавата дека претседателот на САД Доналд Трамп му е син на генералот Џорџ С. Патон.

Татко на Доналд Трамп e Фред Трамп (Фредерик Крист Трамп), њујоршки градежен инвеститор. Патон беше генерал во американската армија за време на Втората светска војна и почина во 1945 година.Трамп е роден во 1946 година и не постои позната директна роднинска врска меѓу нив.

Тврдењето дека Патон му е татко на Трамп е теорија на заговор што се појавува на маргинални онлајн простори и е дел од поширокото движење Кју Анон, кое започна онлајн во 2017 година од анонимен профил „Q“ на форуми како 4chan и 8chan/8kun и потоа се прошири преку социјалните мрежи. Основното верување кај следбениците на Кју Анон е дека Трамп тајно се бори против елитна „кабала“, а од тоа произлегуваат дополнителни неосновани приказни – вклучително и бизарни семејни поврзувања.

Едно од нив е веќе дебанкираното тврдење дека Патон му е татко на Трамп. Како дел од спектарот невистинити тврдења беше и тоа дека телевизиски куќи го пренеле тоа тврдење, но се работеше за исечок од видеоматеријал изваден од контекст – имено медиумот MSNBC, дискутирал за теоријата на заговор споделувана од следбениците на Кју Анон, без да го пренесува тврдењето дека Трамп е роднински поврзан со Патон како да е тоа факт. Но, со сечење на видеоклипот, баш таква верзија се споделуваше по социјалните мрежи.

Во Кју Анон просторот често се појавуваат приказни дека познати личности имаат „тајни родители“, дека имаат „скриени крвни линии“ и дека „историјата е тајно режирана“. Тие приказни функционираат како легенди кои се фактички дезинформации, а не како историја или фактографија.

Повеќе за Кју Анон и неговите клучни обележја може да прочитате овде.

Делот од објавата што се однесува на субјективните оценки за Трамп и предвидувањата за „нови шокантни апсења и настани, силни промени“, не се предмет на оценка на оваа рецензија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција