Донесени се националните стратегии за борба против тероризмот и екстремизмот
Во рамките на својот прецизен План за итни реформски приоритети 3-6-9, Владата на Република Македонија во делот Наративен план 6-9, во областа Реформи на безбедносните служби, вети и две мерки кои се однесуваа на усвојување на две национални стратегии, за кои по проверката од два извора констатираме дека се усвоени
Владата на Република Македонија во рамките на Планот за итните реформски приоритети го вети следното:
Ветување: Усвојување на Националната стратегија на Република Македонија за борба против тероризмот со Акциски План.
Усвојување на Националната стратегијата на Република Македонија за спречување на насилниот екстремизам со Акциски План.
[Извор: Влада на РМ – Наративен план 6-9, датум: крај на 2017 година]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во рамките на својот прецизен План за итни реформски приоритети 3-6-9, Владата на Република Македонија во делот Наративен план 6-9, во областа Реформи на безбедносните служби, вети и две мерки кои се однесуваа на усвојување на две национални стратегии, за кои по проверката од два извора констатираме дека се усвоени.
Станува збор за Нацоналната стратегија на Република Македонија за борба против тероризмот со Акциски план и Националната стратегија на Република Македонија за спречување на насилниот екстремизам со Акциски план.
На сајтот на Владата каде се објавуваат и соопштенија од седниците на Владата, може да се прочита дека двете стратегии биле разгледани и усвоени од страна на министрите и премиерот:
На седницата беше донесена и Национална стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам, со Акциски план за имплементација и Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризам, со Акциски план за имплементација.
Соопштението објавено на 06.03.2018 година се однесува на 57-та редовна седница на Владата на РМ, одржана ден порано 5.03.2018 година.
Со оглед дека двете мерки во Наративниот план биле предвидени за усвојување до крајот на фервруари годинава, може да се констатира дека мерките се исполнети без задоцнување (минималното од неколку дена не се смета, зашто се чекало на прва наредна седница на влада за документи кои веќе биле готови).
ИЗВОРИ:
- Влада на РМ – Веб сајт на Владата на РМ – [Проверено на 20.03.2018]
- Медиуми – [Проверено на 20.03.2018]
Оцени: Тео Блажевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар