Драги Наџински
Драги Наџински е актуелен градоначалник на Општина Берово, и го извршува вториот последователен мандат.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Драги Наџински е роден на 17 ноември, 1958 година, во Берово. Женет е и е татко на две деца.
КАРИЕРА
Тој е дипломиран инженер по шумарство и поголемиот дел од негово работно искуство го минал во оваа област.
Од 1986 година бил раководител по користење на шуми во „Малешево” во Берово, каде извесен период бил технички директор на претпријатието и директор – раководител на подружницата „Малешево”.
Од 2002 до 2005 година бил референт по користење на шуми во Јавното претпријатие „Македонски шуми”- Берово, потоа бил менаџер на ДОО „Малеш-бреза”, а од 2007 година до изборот за градоначалник на општината Берово, во 2009 година, бил командир на шумско –полициската станица во истиот град.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
На локалните избори 2013 година, вторпат е избран за градоначалник на општина Берово. Првиот мандат го почна во 2009 година.
На Генералното собрание на ЗЕЛС, во јули, 2011 година, беше избран, за член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
ИЗВОРИ
ЗЕЛС – БИОГРАФИИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО МАНДАТОТ 2013 – 2017 ГОДИНА (стр. 3 и 4)
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар