Изграден кружниот тек во Берово

Кружниот тек на влезот на Берово изграден со задоцнување од осум месеци . Фото: Општина Берово

Проект: АСФАЛТИРАЊЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ
Изградба на современо сообраќајно кружно решение на влезот на град Берово.
(Рок: 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Кружен тек на влезот на Берово вети во својата изборна програма за локалните избори во 2013 година кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Берово, Драги Наџински. Овој проект е наведен на страницата 32 од програмата, каде стои дека рокот за исполнување на ветувањето е 2015 година. Според утврденото, ова ветување на Наџински е исполнето  со задоцнување од осум месеци.

Кружниот тек, односно како што е именуван во програмата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, „сообраќајно кружно решение“ требаше да ја замени доскорешната крстосница на улицата Маршал Тито на влезот на Берово, патот кон Струмица и патот кон селото Смојмирово. Првите конкретни најави за реализација на ветувањето се некаде пред истекот на наведениот рок, односно на 3 ноември 2015 година. Како што се наведува во веста, изведувачот е избран, а новото решение е дел од Програмата за развој 2016 – 2018 година на Општина Берово. За кружниот тек се обезбедени 8.530.000 денари од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на општина Берово.

Инвестицијата на целиот проект ќе чини 8.530.000 денари кои се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на општина Берово и за истиот веќе е изберен изведувач со кој во тек е потпишување на договор за изведба.

Пребарувајќи ги веб-сајтовите на македонските медиуми, најдовме многу малку вести за реализацијата на ова ветување. Во една вест од 3 август годинава, дознаваме дека кружниот тек на влезот на Берово е речиси финализиран, односно тој е во функција, а останало само хортикултурно уредување на кругот и изведба на тротоари, како што може да се види и од фотографијата. Дека кружниот тек се користел уште од почетокот на август ни потврди и жител на Берово.

Работите потоа се завршуваат и на 8 септември годинава кружниот тек е свечено пуштен во употреба, дознаваме од информација објавена на веб-сајтот на Општина Берово, како и од фотографиите објавени со неа.

Според тоа, ветувањето на Драги Наџински за „современо сообраќајно кружно решение на влезот на град Берово“ е исполнето, иако со задоцнување од малку повеќе од 8 месеци.

 

ИЗВОРИ

 

Оценето од: Сашо Спасоски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција