ДУИ: 1000 стипендии за албански студенти
Ќе обезбедиме најмалку 1000 стипендии за албанските студенти за регуларни и постдипломски студии во полето на информатиката и телекомуникацијата во земјата и во странство.
Образложение:
Уште пред да влезе ДУИ во владина коалиција, Владата на Р.М како дел од владината програма „Македонија земја на информатичари“ секоја година доделува по 125 стипендии годишно за информатика од планираните 500 во период од четири години од 2007 до 2011.
Стипендиите се наменети за талентирани студенти од студиите по информатика на државните и на приватните универзитети во Република Македонија а не и во странство. Стипендиите се наменети за сите студенти, не само за Албанци. Познато е дека во последниот конкурс од 125 студенти, 20 беа Албанци добитници на стипендија.
Друга иницијатива за доделување на стипендии за информатичари не е позната, а од Министерството за образование и наука одбија да дадат одговор дали и колку стипендии има за Албанците во полето на информатиката и телекомуникацијата.
Линкови:
- Утрински весник (26.11.2007). Владата стипендира 125 студенти по информатика. [Пристапено на: 20.05.2011]
- А1 (02.11.2008). 125 студенти по информатика добија стипендии. [Пристапено на: 20.05.2011]
- АЛСАТ-М (27.02.2011). Доделени 125 стипендии за најуспешните студенти по информатика. [Пристапено на: 20.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар