ДУИ: Бесплатни учебници и стипендии за децата на воените инвалиди и херои

Посебно внимание ќе им посветиме на децата на воените инвалиди и херои. Ќе се креира фонд кој ќе им обезбеди бесплатни учебници и стипендии за средно и универзитетско школување.

Образложение:

Фактот дека се уште не е решен со закон статусот на борците на ОНА укажува на тоа дека грижата за нив и нивните фамилии е минимална или не постои. Владата не обезбеди никаков фонд специјално за децата на борците на ОНА, туку веројатно тие добија учебници како и сите други во земјата во рамките на Владиниот проект за бесплатни учебници. Според портпаролот на ДУТ, десетици студенти, примат стипендии кои се наменети за децата на воените инвалиди од овој Универзитет. Но сепак тоа е многу мала бројка. А и самите борци и нивните фамилии постојано се жалат на заборавеноста на владата и лошите услови во кои живеат, а и дека бранителите со македонско потекло и нивните деца ги имаат сите права и привилегии кои им следат со закон, а Албанците и нивните деца не.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција