ДУИ: Дигитализација на сите албански општини во Македонија
Дигитализација на сите албански општини во Македонија. Со овој проект, ќе се дигитализираат сите албански општини во Македонија, односно целта е општинските услуги да се вршат електронски.
Образложение:
Според информациите дадени на веб-локацијата на Министерството за локална самоуправа дел од општините каде што официјален јазик е и албанскиот, немаат воопшто своја веб-локација, а на дел од нив не им е достапна. Најчесто само поголемите општини имаат веб и ја одржуваат со сопствени средства.
Врапчиште, Желино, Зајас, Зелениково, Липково, Осломеј, Сопиште, Студеничани немат воопшто веб локација.
На Арачиново, Дебар, Долнени и Шуто Оризаре веб локациите не им се достапни во текот на мај 2011 г.
Брвеница, Гостивар, Јегуновце, Боговиње, Кичево, Куманово, Струга, Тетово, Чашка, Бутел, Сарај, Чаир и Гази Баба имаат веб-локации и вршат определени електронски услуги, претежно информирање.
Линкови
- Министерство за локална самоуправа на РМ. Граѓаните и општината (пдф, стр. 18). [Пристапено на 31.05.2011.]
- Фондација Метаморфозис. (26.10.2010). Функционалност на општинските веб-сајтови како средство за објавување информации. [Пристапено на 31.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар