ДУИ: Хармонизација на законодавството со европската легислатива од областа на екологија

ДУИ ќе работи на хармонизација на домашното законодавство со европската легислатура во областа на екологијата и здравата животна средина.

Образложение:

Според ЕУ, во целост подготовките во областа на животната средина се умерено напреднати. Постигнат е натамошен напредок во транспонирањето на acquis на ЕУ во националното законодавство, особено во секторите за квалитетот на воздухот и управувањето со отпад. Меѓутоа, напорите за усогласување со acquis на ЕУ во секторите за водa и климатски промени треба значително да се зајакнат, a оперативните структури во овие области треба или да влезат во сила, или да се зајакнат.

Меѓу другото, до крајот на мај 2011 година не е донесен Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема кој спаѓа во оваа област.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција