ДУИ: Нов факултет за информатичка технологија и телекомуникации

Отворање на Факултетот за информатичка технологија и телекомуникации во една од универзитетите (УЈЕ и ДУТ) или формирање на независен институт на албански јазик. Оваа институција ќе содржи најмалку две гранки: Одделение за комуникации, Одделение за информатика (Економска информатика , Применета информатика (за развој на софтвер индустрија))
Образложение:

И со последната промена на Законот за основање на Државен универзитет во Тетово [Пристапено на: 21.05.2011] на 07.07.2008 не е воведен нов Факултет за информатичка технологија и телекомуникации. Информатика се студира како дел од Факултетот за Природно математичките науки.

Од друга страна Универзитет УЈЕ имал комуникациски науки и информатички науки уште од неговото формирање [Пристапено на: 21.05.2011], а тоа не било врз одлука на ДУИ (која тогаш не ни постоела како партија).

Не е формиран ниту независен институт на албански јазик.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција