ДУИ: Подобрување на бизнис клима
Бизнис климата ќе се подобри со зацврстување на владеењето на правото, зајакнување на улогата и мандатот на регулаторните и надзорните органи.
Образложение:
Според последниот извештај на ЕУ за 2010, слабостите во владеењето на правото, особено во судството, кое се карактеризира со бавни постапки, недоволно средства и несигурно спроведување на договори, и распространетата корупција продолжуваат да имаат негативно влијание на бизнис опкружувањето.
„Странските инвеститори ќе дојдат кога ќе им се гарантира дека имаат непристрасен правосуден систем и ќе им се обезбеди ефикасна јавна администрација“, рече прецедателот на Евопската Комисија Жозе Мануел Баросо на 04 Април во Охрид.
Иако според Doing Bussines на Светска Банка, Македонија е на 32-то место во 2010 во споредба со 2009 кога беше на 69-то место, сепак инвестиции нема. А и самиот министер за економија признаваше дека нема инвестиции иако Македонија е најевтина земја за инвестирање.
Линкови:
- Европска комисија (09.11.2010). Извештај за напредокот на Република Македонија 2010. [Пристапено на: 24.05.2011]
- А1 (10.04.2011).Секој трет граѓанин во Македонија е сиромашен. [Пристапено на: 24.05.2011]
- АЛСАТ-М (11.05.2011). Ем ефтини, ем никој не не сака. [Пристапено на: 24.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар