ДУИ: Понатамошно афирмирање на Бадентеровото мнозинство во целокупниот судски систем
Ќе се ангажираме за понатамошно афирмирање на Бадентеровото мнозинство во целокупниот судски систем.
Образложение:
Бадентеровото мнозинство може да се аплицира во техничко-административните процедури, како што е случајот со гласањето за членови на Судскиот Совет, но аплицирањето на ова правило во целокупниот судски систем значи грубо кршење на основните правни принципи. Гласањето за одлуките на Врховниот Суд на пример не може да се изведе преку бадентерово мнозинство.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар