ДУИ: Поттикнување и институционализација на албанската култура

Основање на институции за конзервација на албанското културно наследство, адаптација на постојниот закон кој се залага за институционалната консолидација на албанската култура, воспоставување на посебни средства, создавање на соодветна инфраструктура за културни активности во Западна Македонија.

Образложение:

ДУИ работеше на конзервација и реконструкција на неколку џамии, домови на култура, се отвори Музејот на албанската азбука во Битола, и на Слобода во Скопје, Спомен куќата на Мајка Тереза. Но, албанската јавност се жали дека Владата многу мал дел од буџетот дели за албанската култура, а во најголемиот проект досега Скопје 2014 за кои се потрошени милионски суми не инвестирала ни денар за албанските споменици. Албанските театри и Институтот за албанско наследство повеќе пати се жалеа за недостиг на средства. Плоштадот Скендербег, кој требаше да има албански споменици се уште не е конкретизиран, ниту 4 годишната програма за ревитализација на Скопска чаршија.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција