ДУИ: Проекти за животната средина
Ќе бидат преземени конкретни мерки за реализација на проекти за испуштање на отпадни води, собирање на цврстиот отпад и градба на јавни зелени површини.
Образложение:
Самото ветување не нуди ниту еден проект, кои мерки ќе бидат превземени, на која локација, датуми или слични конкретни информации. Се претпоставува дека за 4 години, колку и трае мандатот на владејачката партија, не може да се санираат сите проблеми со испуштањето на отпадни води, да се собере целиот цврст отпад или да се градат сите јавни зелени површини, секогаш има простор за да се работи нешто,оттука ова ветување може да се толкува само како делумно исполнето.
Мерките превземени се:
- (14.7.2010) Договор за заем за финансирање на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ вреден 50 милиони евра.
- Утрински весник (27.09.2009). Пуштање во употреба на канализациониот систем за отпадни води во општина Бутел.
- МИА. Пуштена во употреба водоводна мрежа во скопско Визбегово.
- (20.11.2009) Се гради препумпна станица за фекални води во Горно Лисиче.
- Вечер (04.09.2009). Пуштање во употреба на канализациониот систем за отпадни води во општина Илинден.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар