ДУИ: Пронаоѓање на стабилно и институционално решение за семејствата и членовите на ОНА за време на конфликтот во 2001-ва година

ДУИ ќе се ангажира за пронаоѓање на стабилно и институционално решение за семејствата и членовите на ОНА за време на конфликтот во 2001-ва година.

Образложение:

Челниците на ДУИ често изјавиле дека работат со нивниот коалиционен партнер на решавање на статусот на борците на ОНА, но по отфрлањето на ова тврдење од страна на претставниците на ВМРО (стенограм на 77-та седница – прашање на пратеничката Виолета Ташева [Пристапено на: 24.05.2011]), ДУИ се заложи за решавање на ова прашање во рамките на сегашната легислатива [Пристапено на:24.05.2011 ], но досега нема никаква одлука донесена во тој правец. Во меѓувреме пратениците Змбери и Реџепи во Април 2010 предложија закон за решавање на ова прашање, кој беше отфрлен од мнозинството во Собранието.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција