ДУИ: Универзитетски радио станици

Универзитетски радио станици со национална концесија, основач може да биде и факултетот за новинарство каде што во исто време студентите–идни новинари–ќе ги направат првите чекори во оваа област.

Образложение:

До сега во општата јавност не е познато дека е превземена некаква иницијатива за реализирањето на ваков проект од страна на Владата.

Според директно сведоштво на портпаролот на Тетовскиот Универзитет, овој Универзитет досега воопшто немало радио.

Според портпаролот на Универзитетот на Југоисточна Европа, на овој универзитет во рамките на Унијата на студентите функционирала онлајн радио станицата Кампус радио (без национална концесија), кое сега не работи.

Во мај 2011 година, во РМ функционираат следните локални радија при државни универзитети:

  • Во Скопје функционира Студент FM 92.9 – Универзитетско радио, радио станица во состав на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ кое нема веб-сајт, но има акаунти на Фејсбук и Твитер и нуди стриминг преку интернет.
  • Во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип функционира универзитетското радио „УГД ФМ“, кое  емитува експериментална музичка програма. Програмата може да се следи на фреквенција од 91,0 мегахерци во Штип и неговата околина.
  • Непрофитно студентско радио функционира и при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција