ДУИ: Вклучувањето и унапредувањето на државните службеници нема да бидат предмет на политички диктат

Во согласност со барањата на Европската комисија во врска со исполнувањето на евро-интегративната агенда на Македонија, во иднина, ДУИ ќе работи на и ќе обезбеди дека: Вклучувањето и унапредувањето  на државните службеници нема да бидат предмет на политички диктат и ќе развива систем на кариера врз основа на заслуги;
Образложение:

Според последниот извештај на ЕУ за 2010, Брисел е загрижен за критериумите по кои се полната државните канцеларии, политичкото влијание, а и фактот дека администрацијата останува преобемна, партизирана и неефикасна. Европската комисија во Извештајот за напредок 2010 нотираше: „Останува загриженоста во врска со политизацијата на јавната администрација“.

Дополнително загрижувачки е фактот дека во почетокот на годината со скратена постапка, од страна на Собранието на Република Македонија беа донесени измени на два од клучните закони кои ја уредуваат областа на државната и јавната администрација: Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за државните службеници. Со измените на овие два закони се направи упад во постоечката структура на државни органи и тела со надлежности од областа на јавната администрација, како и во уреденоста на постапките за унапредување и престанок на вработувањето на државните службеници. Со тоа, се отвори можност за дополнителна партизација (наместо реформа) на администрацијата, која се одвива веќе со години.

А и според прецедателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и Комисионерот за проширување Штефан Филе кои беа во Македонија во април годинава, Македонија се уште има проблем со партизираната администација.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција