Две дезинформации за едно исто видео: Вакцините и понатаму се безбедни за децата
Бразил… 13 годишно момче почина неколку секунди по примање на втората доза. Немам зборови!Кој ќе одговара сега?! Државата? Биг Фарма? Лекарот? Нееее, никој! Никој не одговара!!!!, пишува aвторот на првото објавено видео.
Мексико, умира по 5 минути по вакцинација, напишал авторот на објавеното видео.
Но, што е вистина?
Вакцините се безбедни за децата и адолесцентите
Придобивките од вакцината ги надминуваат сите можни ризици.
Неколку дополнителни информации
Можните несакани ефекти
Имунитетот на децата
На нашиот имунолошки систем му требаат рецептори кои препознаваат одредени модели за да се борат со вирусна инфекција од самиот почеток. Овие рецептори овозможуваат телото да произведува интерферон. Ова е првата линија на одбрана од вирусите, рече Роланд Ејлс.
Откривме дека децата многу поефикасно ги препознаваат овие модели од возрасните и потоа кај нив се активизира имунолошкиот систем.
Вакцинацијата влијае и врз општата заштита
Освен преку формите на болеста, Ковид-19 преку карантините, изолацијата и затворањето на училиштата има и психолошко влијание кај децата. Сега веќе две години од почетокот на пандемијата со Ковид-19 психолошкиот и физичкиот развој на децата е нарушен речиси насекаде во светот. Вакцинацијата е најдобар начин за враќање на животот во нормала, рече Талат.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар