Џастин Трудо не бил уапсен на Флорида
Видеото е снимено на 30 ноември 2024 г. кога Трудо ја посети Флорида и се сретна со Трамп. Како што пишува АП канадскиот премиер одлетал за Флорида на вечера со новоизбраниот американски претседател во неговиот клуб Мар-а-Лаго, откако Трамп се закани дека ќе воведе огромни царини за канадските производи. Трудо на својот Фејсбук профил има објавено видеа од неговите активности ден по посетата на Флорида, 30 ноември 2024 и од 2 декември 2024 година што очигледно говори за фактот дека канадскиот премиер на бил уапсен
Видеото е снимено на 30 ноември 2024 г. кога Трудо ја посети Флорида и се сретна со Трамп. Како што пишува АП канадскиот премиер одлетал за Флорида на вечера со новоизбраниот американски претседател во неговиот клуб Мар-а-Лаго, откако Трамп се закани дека ќе воведе огромни царини за канадските производи. Трудо на својот Фејсбук профил има објавено видеа од неговите активности ден по посетата на Флорида, 30 ноември 2024 и од 2 декември 2024 година што очигледно говори за фактот дека канадскиот премиер на бил уапсен
Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека премиерот на Канада Џастин Трудо, бил уапсен.
10.02.2025
Канада ,Трудоу. Приведување. (постаро е видеото), стои во објавата.
Објавата споделува и видео на кое се гледа Трудо како влегува во објект (најверојатно хотел) и се упатува кон лифт.
Вистиномер го пребара видеото на Гугл, и откривме дека истотo е снимено на 30 ноември 2024 г. кога Трудо ја посети Флорида и се сретна со Доналд Трамп, новоизбраниот американски претседател чијашто инаугурација беше на 20 јануари 2025 година.
Како што пишува АП на 30 ноември 2024 година, канадскиот премиер Џастин Трудо одлетал за Флорида на вечера со новоизбраниот претседател Доналд Трамп во неговиот клуб Мар-а-Лаго, откако Трамп се закани дека ќе воведе огромни царини за канадските производи.
На фотографиите кои ги има објавено АП, може да се забележат истите сцени од видеото. Во нивниот опис стои:
Канадскиот премиер Џастин Трудо поминува низ лобито на хотелот Делта Мериот, 29 ноември 2024 година во Вест Палм бич – Флорида.
Видеото од тоа како Трудо поминува низ лобито на хотелот е достапно на Јутјуб каналот на АП.
Како што наведува АП, на вечерата, на Трамп и Трудо им се придружиле Хауард Лутник, кандидатот на Трамп за секретар за трговија, гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, избран од Трамп да го води Министерството за внатрешни работи, Мајк Волц, изборот на Трамп да биде негов советник за национална безбедност, и сопругите на тројцата мажи.
На вечерата биле и Дејвид Мекормик, тукушто избран за американски сенатор од Пенсилванија, и неговата сопруга Дина Пауел, поранешен заменик советник за национална безбедност во времето на Трамп, како и канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Лебланк и Кејти Телфорд, шефица на персоналот на Трудо.
Фотографија од вечерата на социјалната мрежа Икс споделил Дејвид Мекормик.
Информација дека Трудо бил приведен или уапсен тој ден, не успеавме да најдеме никаде.
На официјалната веб-страница на канадската влада, има две соопштенија од 29 ноември 2024 година, поврзани со активностите на Трудо. Во ниту едно од нив не пишува дека Трудо бил уапсен.
Ако такво нешто имаше, тоа ќе беше вест која сигурно ќе одекнеше во светските медиуми.
Трудо на својот Фејсбук профил има објавено видеа од неговите активности ден по посетата на Флорида, 30 ноември 2024 и од 2 декември 2024 година што очигледно говори за фактот дека канадскиот премиер на бил уапсен.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар