Џефри Епстин не е „пренесен од ЦИА во Израел“, тој е мртов
Епстин беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија на 10 август 2019 година. Тој беше притворен во Метрополитен поправниот центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе од кои голем дел малолетници
Епстин беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија на 10 август 2019 година. Тој беше притворен во Метрополитен поправниот центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе од кои голем дел малолетници
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Ова е или Епштајн пренесен од ,,ЦИА,, во Израел или е Мајкл Џексон !?
Фотографијата не е вистинита и претставува само една од низата создадени со вештачка интелигенција последниве денови, а со цел да се разгори теоријата на заговор дека Џефри Епстин е жив. Таа теорија на заговор особено доби на интензитет откако беше објавена последната транша на документи од страна на Министерството за правда на САД, а поврзани со сексуалниот престапник кој се самоуби во затвор уште во 2019 година.
„Вистиномер“ ја постави фотографијата во пребарувачот за обратно пребарување на фотографии на Гугл и добивме резултат дека се работи за фотографија создадена со вештачка интелигенција.

Други специјализирани сајтови за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција како Хајв модерејшн (Hive moderation) покажуваат дека се работи за содржина која е создадена со АИ со веројатност од високи над 95 проценти.

Сличната алатка „Сајт енџин“ (Sightengine), ни покажа дека се работи за содржина генерирана со вештачка интелигенција со веројатност од над 98 проценти.

Во најновите документи поврзани со Епстин, како што пишува Би Би Си, објавени се досега невидени фотографии на кои се гледа Епстин како лежи на носилка и медицински лица околу него веднаш по неговата смрт. Дваесетте слики, од кои некои се премногу експлицитни за да се прикажат, беа објавени како дел од декласифицираниот извештај на ФБИ за смртта на Епстин во притвор, заедно со документи од извршената обдукција и интерни затворски документи.
Епстин беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија на 10 август 2019 година. Тој беше притворен во Метрополитен поправниот центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе од кои голем дел малолетници.
Нередактираните документи, прегледи од BBC Verify, прикажуваат снимки од вратот на Епштајн во крупен план и видливи знаци на повреда. Тие, исто така, содржат детали од обдукцијата на Епстин и психолошки извештај за неговото ментално здравје во деновите пред да се самоубие.
Неколку фотографии го прикажуваат како лежи на носилка додека медицинските лица се обидуваат да го реанимираат. Тие се со датум 10 август 2019 година со временска ознака од 06:49 часот по локално време, околу 16 минути откако беше пронајден без свест во неговата ќелија.
Локацијата на фотографиите не е јасна, но Епстин бил префрлен во блиската болница во 06:39 часот каде што бил прогласен за мртов, што сугерирало дека биле направени таму.
Три други фотографии имаат белешки што укажуваат на тоа дека се направени во болница. Тие прикажуваат снимки во крупен план од неговата глава и видлива повреда на вратот. Името на Епстин е на секоја фотографија.
Странски сервиси за проверка на фактите дебанкираа објави со фотографии како онаа што ја рецензира, а во кои исто така неточно се тврди дека „Епстин е жив во Израел“. Но и тие се создаваат со вештачка интелигенција.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар