„е-Општество.мк“: Видеокамерите многу лесно може да ја „избришат“ приватноста

Фото: Мета.мк

Системите за следење и снимање со камери за надзор, како и обработката на биометриските податоци носат со себе огромен ризик за нарушување на приватноста, како едно од човековите права, и продор на безбедносните служби и властите воопшто во приватниот живот. Тоа беше темата на денешната панел-дискусија „Прашања за приватноста: Надзор и обработка на биометриските податоци“, со која беше отворен вториот ден од 18-то годишно издание на меѓународната конференција е-Општество.мк, оваа година на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“, организирана од страна на Фондација Метаморфозис. Целта на конференцијата е градење кибер-отпорно општество со дигитално компетентни и одговорни граѓани

Системите за следење и снимање со камери за надзор, како и обработката на биометриските податоци носат со себе огромен ризик за нарушување на приватноста, како едно од човековите права, и продор на безбедносните служби и властите воопшто во приватниот живот. Тоа беше темата на денешната панел-дискусија „Прашања за приватноста: Надзор и обработка на биометриските податоци“, со која беше отворен вториот ден од 18-то годишно издание на меѓународната конференција е-Општество.мк, оваа година на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“, организирана од страна на Фондација Метаморфозис. Целта на конференцијата е градење кибер-отпорно општество со дигитално компетентни и одговорни граѓани

 

 

Фото: Мета.мк

На темата, во првата сесија на вториот ден од конференцијата што се одржува во хотелот „Мериот“ во Скопје, зборуваа Ана Тошкиќ – Цветиновиќ од граѓанската организација „Партнери за демократска промена“ од Србија, Бојан Перков од фондацијата SHARE, исто така од Србија, потоа Игор Кузевски, експерт за заштита на лични податоци од Северна Македонија, како и Катерина Родели, аналитичар за ЕУ политики од Access Now – меѓународна oрганизација што работи на полето на дигиталните права на луѓето, која се вклучи од Брисел.

Пластичен пример за тоа до какви застрашувачки граници може да отиде технологијата за надзор и за собирање на биометриските податоци даде Бојан Перков.

Ана Тошкиќ – Цветиновиќ од „Партнери за демократска промена“ од Србија и Бојан Перков од фондацијата SHARE. Фото: Мета.мк

Иако долго време имаше бројни реакции во јавноста за новите системи за видеонадзор и напори на граѓанското општество и меѓународните организации да не се воведува толку инвазивен надзор, за кој сега веќе се зборува дека ќе вклучува околу 8.000 камери, од стандардни камери на бандери, потоа камери што снимаат 360 степени, па камери со 4К резолуција, но и камери на возила, камери на елеци на полицајци, но и рачни камери со големина на поголем мобилен телефон, со можност за препознавање лик, видовме што тоа значи на минатогодишните протести во Србија, кога се блокираа патишта и мостови, објасни Перков.

Иако српското МВР и властите претходно велеле дека системот за снимање и препознавање лик е делумно функционален, односно техниката набавена од кинеската „Хуавеи“ е поставена, но не е набавен софтверот што ќе го „води“ следењето и препознавањето лик, на протестите биле забележани некои луѓе што биле со рачните камери што не се разликуваат многу од мобилен телефон.

Случајот почнал да се расплеткува подоцна, кога на некои новинари што биле службено на протестите почнале да им пристигнуваат на домашна адреса казни за прекршоци. Српското МВР ги казнило новинарите како организатори на „ненајавените протести“ по забуна, но најинтересното е што, како што објасни Перков, на самите протести од кои новинарите професионално известувале, тие воопшто не биле легитимирани од полицајци, ниту им биле запишани податоци.

Тоа беше многу чудно, и тогаш всушност стана јасно дека се користеле камерите за надзор и се користело препознавање лица, иако полицијата велеше, ние имаме само камери, но не е набавен софтверот, објасни Перков.

За напорите на нејзината организација да се спречи претерано следење и нарушување на приватноста на граѓаните, како и за битката граѓанското општество да влијае врз законските мерки за надзор во Србија, зборуваше и Ана Тошкиќ – Цветиновиќ од „Партнери за демократска промена“.

За истите напори и проблеми, но овојпат на територијата на ЕУ, зборуваше Катерина Родели Access Now, која во панел-дискусијата модерирана од Маријана Јанческа од фондацијата „Метаморфозис“, се вклучи преку видеоврска.

Игор Кузевски Фото: Мета.мк, 7 декември 2922

Според македонскиот експерт Игор Кузевски, кој има долго минато работно искуство во Агенцијата за заштита на личните податоци, неизоставно мора да се почитува приватноста на граѓаните, но треба да се внимава кога се формулираат законските и другите норми и рамки, да не се попречи работата на оние коишто треба општеството да го заштитуваат од разни закани и тероризам. Тој спомена пример на еден обвинител што се пожалил дека поради временското ограничување за чувањето видеоснимки, не можел да приложи видеоснимки во истрагата и обидот да се спречи терористичка група, која подоцна сепак успеала да изврши терористички напад.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција