Еди Рама говори за најголемите загадувачи на плажите, а не дека не ги сака косовските и македонските Албанци

Еди Рама Фото: President.gov.ua, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Критиката на албанскиот премиер Рама се однесува на загадувањето на албанските туристички локации, но тој никаде не споменува дека не ги сака Албанците од Косово и од С.Македонија, како што се тврди во објавата

Критиката на албанскиот премиер Рама се однесува на загадувањето на албанските туристички локации, но тој никаде не споменува дека не ги сака Албанците од Косово и од С.Македонија, како што се тврди во објавата

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Премиерот на Албанија кажа кои се најголемите загадувачи на плажите. Шиптарите од Косово и Македонија, абе шипци ни они не ве сакат.

Точно е наведеното во објавата дека премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанците (а не пејоративниот израз што се користи во објавата која ја рецензираме, со цел да се навреди етничката заедница) од Албанија, Северна Македонија и од Косово ги загадуваат плажите во Албанија. Но, не е точно дека тоа значи дека премиерот на Албанија не ги сака Албанците. Во објавата се користи навредлив речник со употреба на зборот „шипци“, што покажува одраз на непочитување.

Целосната изјава на Еди Рама која тој во контекст ја даде, се однесува на загадувањето на плажите во Албанија во екот на туристичката сезона. Изјавата како што пренесуваат македонските медиуми гласи:

Туристи кои не зборуваат англиски, шпански, француски, италијански, туку албански, од Албанија, од Косово, од Северна Македонија, се најголемите загадувачи на плажите и на туристичките места. Албанци кои се собираат за да уживаат во убавините и во своите одмори, застануваат на панорамски туристички места, прават селфи „ох, колку си убава, моја Албанија“ во исто време го истоваруваат ѓубрето од своите автомобили каде ќе стигнат – рече меѓу другото Рама.

Од ова произлегува дека неговата критика се однесува на загадувањето на албанските туристички локации, но никаде не се споменува „омраза кон Албанците“ како што е наведено во објавата.

Конкретно Рама во говорот кој предизвика бурни реакции, се осврна на дополнителни мерки за подобрување на туристичката култура и заштита на животната средина, а како што напомена можна е и забрана на музиката „талава“ во баровите на плажите за која Рама смета дека ја нарушува туристичката понуда и имиџот на албанските приморски дестинации.

Тој зборуваше за ѓубрето на плажите и туристичките точки со прекрасни панорами во Албанија.

Имаме радикална трансформација во начинот на отстранување на сметот. Сепак, дури и цела армија да се дигне на нозе да чисти, нема да биде доволно ако истовремено оние кои фрлаат ѓубре и зборуваат албански. Тоа се луѓето што најмногу викаат на националните стадиони, кои ги кршат столчињата на стадионите и ги претвораат натпреварите во војни. Чистењето на отпадот ќе се одвива на национално ниво, истакна Рама.

Зборувајќи за плажата во Ксамил, тој ја нарече „злоупотребена“.

Таа е меѓу најубавите на светот, и не може повеќе да биде плен на неуки луѓе кои ја гледаат како земја што треба да биде освоена и да ги третираат туристите како да се робови кои би можеле да ги изедат дури и дрвените чадори над нивните глави. Мора да ги „излекуваме“ злоупотребените плажи, да ги оттргнеме од рацете на приватните закупци. Нема причина Ксамил да биде приватна плажа, со високи цени и мизерни услуги, рече Рама.

Тој претходно во 2021 година ги критикуваше локалните власти особено градоначалниците, за неуспех да се справат со отпадот на соодветен начин. Дури и се закани дека ќе им ги скрати буџетите ако собраните даноци не се користат за одржување на животната средина. Осврнувајќи се на горливиот проблем, Рама смета дека запоставувањето на животната средина претставува „национално предавство“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава која е делумна невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција