Едно видео – низа невистини за вакцината и пандемијата со ковид-19
Пост – видео на Фејсбук шири деинформации поврзни со вакцината и пандемијата на ковид-19. СЗО не ја сменила дефиницијата за пандемија на инфлуенца, од едноставна причина што СЗО никогаш формално не дефинирала што е тоа пандемија на инфлуенца. Исто така, никој не присилува никого да се вакцинира. Вакцината во Македонија ќе биде бесплатна и на доброволна основа
Во видео споделено на Фејсбук, изнесени се низа невистини, полувистини во врска со вакцините, пандемијата со коронавирусот, маските и општо мерките за заштита на населението од заразни болести.
Во видеото неточно се тврди дека по пандемијата со свинскиот грип, СЗО ја променило дефиницијата за тоа што е пандемија:
Пред свинскиот грип, СЗО ги сменија критериумите за тоа што е пандемија. Дотогаш пандемија беше прогласена ако од одредена болест има голема смртност. Но, тие го сменија тоа пред појавата на свинскиот грип и рекоа дека пандемија е кога ќе има голем број на заболени.
Како го докажуваме бројот на заболени случаи? Така што имаме некакви ПЦР тестови кои детектираат нешто и на база на тоа велиме дека човекот е заболен. Од друга страна не правиме разлика меѓу позитивни и заболени. Некој човек може да нема симптоми, па така и здравите луѓе ги направија асимптоматски болни. Значи јас како здрав човек некој ме третира како асимптоматски болен, што е навистина лудост. Сето тоа допринесе до оваа паника дека имаме некаква пандемија на ковид. Како пример ќе кажам дека во Германија група на четворица адвокати поднесоа тужба до германските судови дека пандемијата се базира на лажно позитивни тестови. Тестовите покажуваат од 89 до 97 посто лажен резултат, зависно од циклусите кои ги третираат кога го обработуваат примерокот.
Откако ќе влезе во клетката, мРНА доаѓа во контакт со машинеријата за создавање протеини која е лоцирана во цитоплазмата на клетката. мРНА не влегува во нуклеусот на клетката каде што се наоѓаат нашите хромозоми. Така што, иако мРНА вакцините се нова технологија, нема причина да се мисли дека тие имаат долготраен ефект на нашата биологија, освен тоа што го тренираат нашиот имун систем да ја превенира болеста ковид-19, се вели во соопштението.
Понатаму, соговорничката во видеото тврди дека „вакцината на Фајзер има една нова состојка, дел од ајкула кој има илуминатски способности” и ја нафрла теоријата дека можеби тоа ќе се прави за да се проверуваат луѓето, дури и со најобична апликација на мобилен телефон или со друг уред, дали ја примиле вакцината или не.
Меѓутоа, оваа состојка од ајкула се користи во вакцините за да помогне да се создаде посилен имун одговор. Форбс објавува дека оваа состојка од ајкула ја има и во вакцините во САД против грип уште од 2016 година со одлична стапка на безбедност.
Според СЗО од 1997 година една доза на вакцина против грип ја содржи оваа состојка од ајкула за да ја направи вакцината поимуногена.
Невистинито е и тврдењето дека со носењето маска се создава хипоксија, се намалува кислородот, се вдишува јагледор диоксид. Соговорничката бара да ѝ се докаже дека го загрозува јавното здравје со неносење маска. Загрозувањето на јавното здравје со неносење маска се случува поради тоа што коронавирусот се пренесува капљично, односно со капките од носот и устата кои доколку се контаминирани, можат да патуваат низ воздухот и потоа да го инфицираат оној што ќе ги вдише.
Се прави паралела меѓу хемотерапија и вакцина, иако таа паралела не е издржана, затоа што вакцините ги контролираат заразните болести, а со хемотерапијата не се третираат болести што се заразни туку карцином.
Во видео материјалот се изнесени низа невистини, се врши манипулација со одредени тези, на пример, дека секој има право да се вакцинира и дека никој нема право да му наложи дали ќе прими нешто во неговото тело, за кое што самиот пациент чувствува дека не би требало да го прими, во конкретниот случај вакцината. Меѓутоа, тоа и сега е така. Никој не присилува никого да се вакцинира. Вакцината во Македонија ќе биде бесплатна и на доброволна основа.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар