Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година
Истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“ има цел да го утврди степенот на изложеност и влијание на дезинформациите врз граѓаните во Република Северна Македонија преку комбинирање анализи на карактеристиките на протокот на дезинформации, со анкета направена на репрезентативен примерок на национално ниво
Истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“ има цел да го утврди степенот на изложеност и влијание на дезинформациите врз граѓаните во Република Северна Македонија преку комбинирање анализи на карактеристиките на протокот на дезинформации, со анкета направена на репрезентативен примерок на национално ниво
Во 2025 година, создавањето и ширењето дезинформации се препознаваат како значаен општествен и институционален предизвик што го засега не само медиумскиот простор, туку и функционирањето на демократските процеси и довербата во институциите, а особено безбедносната состојба.
Иако целосната руска инвазија врз Украина која започна во 2022 година и понатаму влијае врз присуството на геополитички и про-руски наративи, во македонскиот медиумски контекст дополнително се засилија и други линии на дезинформации – од анти-ЕУ и анти-НАТО пораки до манипулативни содржини поврзани со изборни процеси, здравствени теми и новите технологии, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција. Економската ранливост на медиумите и засиленото присуство на содржини од регионални пропагандни извори создаваат средина во која ваквите наративи полесно се репродуцираат, влијаејќи врз квалитетот на информирањето и напорите за градење општествена отпорност кон манипулативни информации.
Истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“ има цел да го утврди степенот на изложеност и влијание на дезинформациите врз граѓаните во Република Северна Македонија преку комбинирање анализи на карактеристиките на протокот на дезинформации, со анкета направена на репрезентативен примерок на национално ниво. Применетата методологија овозможува споредување со резултатите на претходните истражувања од ист тип, меѓу кои и комплементарните анкети спроведени во 2022 година и во 2023 година со што се добиваат сознанија за трендовите како основа за поставување приоритети, пренесени и во вид на препораки во насока на пристап со ангажирање на целото општество (анг. whole-of-society approach) со кој се бараат решенија за структурните причини за подложност на дезинформации.
Дизајнот на истражувањето се темели на уверувањето дека само преку систематско, емпириски засновано согледување може да се добие реална слика за дезинформациските трендови и нивното влијание. Овој пристап е неопходен за демистифицирање на распространетите дезинформациски и популистички наративи – особено оние што поттикнуваат апатија и ја наметнуваат тезата дека „сите се исти“, со што се намалува мотивацијата за учество во демократските процеси. Целта на истражувањето е да обезбеди фактичка основа за поинформирана јавна дебата и поголема општествена отпорност.
Фондацијата „Метаморфозис“ го спроведе ова истражување како дел од пошироките напори за разоткривање на влијанието на странската пропаганда во Република Северна Македонија и за зајакнување на општествената отпорност кон штетните антидемократски влијанија. Притоа беа остварени синергии со проектот „Центар против дезинформации за Западен Балкан“ (antidisinfo.net), поддржан од Кралството Холандија, како и со активности за справување со дезинформациите и развој на медиумска писменост меѓу кои и претходни проекти поддржани од ИФЕКС, ИРИ, Течсуп и Европската Унија.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар