Експертски одговори на сите родителски прашања за вакцинацијата на децата

Stockphoto

Сега, кога вакцинацијата за децата на возраст над 12 години доби зелено светло, многу родители се прашуваат дали е безбедно или неопходно да ги вакцинираат своите деца. Експертите од полето на педијатријата, заразните болести и имунизација на децата, потенцираат дека науката е многу јасна – придобивките од вакцинацијата ги надминуваат сите потенцијални ризици. Во Северна Македонија, досега се вакцинирани 632 деца под 18 години и тоа со вакцината на производителот „Фајзер“. Здравствените власти апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца.

Порталб.мк ви ги презентира сознанијата од некои од најверодостојните студии кои се однесуваат на процесот на имунизација на децата.

Вакцината „Фајзер” сега е веќе е одобрена од  Европската Агенција за Лекови (ЕМА) и Aгенцијата за храна и лекови на САД.

Од неодамна ЕМА ја препорачува и вакцината на „Модерна„ за децата од 12 до 18 годишна возраст.

Во Северна Македонија, на 12 јули започна вакцинацијата на децата на возраст од 12 до 18 години. Од Министерството за здравство нагласуваат дека искуството со вакцинацијата на оваа возрасна група во САД, Канада и ЕУ покажало дека вакцината „Фајзер“ е безбедна и ефикасна кај децата.

Вакцините произведени од „Фајзер“ се безбедни и одобрени од Европската агенција за лекови и ФДА за употреба кај децата над 12 годишна возраст. Предлагаме вакцинација на оваа категорија затоа што новите варијанти на вирусот, поточно делта варијантата, претежно се шири кај невакцинираните лица. Вакцинацијата на децата над 12 години во САД, Канада и други земји на ЕУ започна во март 2021 година и искуството покажува дека оваа вакцина е безбедна и ефикасна кај децата и е единствен начин да се заштитат постарите од „Ковид-19“, соопштија од Министерството за здравство.

Преку  Порталб.мк здравствените власти во Република Северна Македонија апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца, затоа што ова ќе помогне за нормално одвивање на образовниот процес.

Имајќи предвид дека се очекува наставата да почне да се одвива со физичко присуство, вакцинацијата на децата е една од препораките за нормално одвивање на образовниот процес и току поради тоа, апелираме до родителите да ги вакцинираат своите деца“, додаваат од Министерството за здравство.

До сега во Северна Македонија вакцинирани се 632 деца, но колку деца се хоспитализирани како последица на „Ковид-19“?

Бројот на деца кои завршиле во болница како резултат на инфекцијата со коронавирус во Северна Македонија не е многу голем, сепак, не се исклучуваат долгорочни ефекти врз детскиот организам како резултат на влошувањето на состојбатата од коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата до денес, во Универзитетската клиника за детски болести, регистрирани се 67 пациенти чија состојба се влошила како резултат на инфекцијата со Ковид-19 “, соопштија од Министерството за здравство за Порталб.мк.

Одговори од експертите на прашањата кои ги мачат родителите

-Дали е можно моето дете да се зарази со Ковид-19?

Ако е над 12 годишна возраст – да. ФДА и Центарот за контрола на болестите (ЦДЦ) побараа итно одобрување на вакцините против ковид 19, кои што овие организации ги испитале со клинички испитувања и за кои дошле до заклучок дека се безбедни и ефикасни. Во моментов вакцината од производителот „Фајзер“ е одобрена за употреба кај децата на возраст над 12 години.

Во тек се анализите за безбедноста и ефикасноста на вакцината за децата над 2 годишна возраст, по што во наредните месеци ќе може да се одобри вакцина против Ковид-19 и за помалите деца.

-Дали треба да го вакцинирам моето дете против Ковид-19?

Да. Експертите, вклучувајќи ги и оние од Џонс Хопкинс, веруваат дека придобивките од вакцината против ковид 19 ги ​​надминуваат потенцијалните ризици. Иако децата честопати ја прележуваат инфекцијата полесно од постарите лица, некои деца можат да развијат сериозни компликации или долгорочни симптоми, што може да влијае врз нивното здравје и благосостојба. Овој вирус може да предизвика смрт кај децата, но ваквите случаи се поретки отколку кај постарите лица.

Како и постарите лица, исто и децата – ако се заразени (а немаат симптоми) вирусот можат да им го пренесат на други луѓе. Вакцината против „Ковид-19“ ги штити децата, членовите на семејството или пријателите и другите лица од овој потенцијален ризик.

Друга причина зошто треба да ги вакцинирате вашите деца е за да го заштитите јавното здравје. Секое дете или возрасен човек заразен со коронавирус му дава можност на вирусот да создаде мутации и варијанти што можат да бидат поопасни и отпорни на вакцини и терапии. Колку е помал бројот на инфекции кај населението, толку помали се шансите за нови опасни варијанти.

ВАКЦИНА, Фото: Mat Napo, Unsplash

-Дали има причина за загриженост?

Од ФДА и Центарот за контрола на болестите сметаат дека е многу важно вакцината да биде безбедна. Тие ги разгледуваат сите клинички испитувања пред да одлучат дали ќе одобрат или не една вакцина за одредена група на граѓани и соработуваат со производителот за да ги следат несаканите ефекти од вакцината.

-Дали несаканите ефекти од вакцината се исти кај децата како и оние кај повозрасните лица?

Генерално, да. „Фајзер“ објави дека несаканите ефекти од вакцината се слични и кај постарите лица и кај децата. Вашето дете може да почувствува болка во раката и замор. Можни се главоболки, болки во мускулите и треска. Овие несакани ефекти се привремени и обично исчезнуваат по 48 часа.

-Дали ризикот од заразување со ковид 19 кај децата се зголемува сега кога се наближува почетокот на школската година?

Според еден извештај објавен од Центарот за контрола на болестите, враќањето на училиште со физичко присуство не е главен фактор на ризик кај децата, доколку тие се придржуваат до мерките за превенција, како што се носењето на маска и физичкото растојание. Забавите, игротеките, семејните собири, свадбите и погребите се сметаат за најопасни места каде што вашето дете може да се зарази со корона вирусот. Навременото вакцинирање на вашето дете помага во спречувањето на инфекцијата и ширењето на коронавирусот.

На овие прашања свој одговор дале  Aна Сик Семјуелс, лекар во Детскиот Центар при Џонс Хопкинс, и Aлисон Месина, лекар, од Детската болница при Џонс Хопкинс.

Некои од придобивките од вакцинирањето на децата објавени во  написот на Хопкинсмедисин.

Една придобивка од вакцинирањето на децата е што тоа може да ги спаси животите на другите. Овој пристап веќе се користи и за грипот. Во некои места на децата од двегодишна возраст вакцината им се дава преку нос секоја година, главно за да се заштитат нивните баби и дедовци. Друг aргумент е дека вакцинацијата против Ковид-19 може да помогне за да се постигне колективен имунитет – при што вирусот тешко ќе се шири, затоа што голем дел од населението ќе има имунитет. Вакцините против против Ковид-19 се многу ефикасни во запирање на ширењето на вирусот. Само една доза на вакцина го намалува ширењето на вирусот за 50 проценти, но дури и да се заразите, шансите се за половина помали дека ќе им го пренесете вирусот на другите.

Помалите деца не се големи преносители на вирусот, но затоа тинејџерите се

Има докази за потенцијално ширење на вирусот од тинејџерите, така што вакцинацијата може да има позитивен импакт во спречувањето на ширењето на вирусот” рече Aдам Кучарски, лекар од Школата за хигиена и тропска медицина во Лондон.

Вашите предрасуди, конспирации и грижи – адресирани од експерти

Долгорочните несакани ефекти од вакцинирањето на децата се уште не се познати”

Информациите што се достапни за несаканите ефекти на вакцината се добиени од клиничките испитувања кои започнаа во јули 2020 година. „Фајзер“ имаше повеќе од 46.000 волонтери во третата фаза на клиничките испитувања, меѓу кои 2.260 деца на возраст од 12-15 години.

Кај тинејџерите, реакциите беа вообичаени: болка на местото на вакцинација, умор и главоболка. Треска, болки во мускулите, болки во зглобовите, како и оток и црвенило на местото на вакцинација беа едни од најретките симптоми.

За други непознати ефекти во овој момент „би било многу невообичаено“ да се зборува, вели доктор Бум. Тој додаде дека несаканите ефекти од вакцините се појавуваат во првите 60 дена по примањето на вакцината.

Центарот за контрола на болестите разгледува некои пријави за воспаление на срцето (наречен миокардитис) кај адолесценти и деца по примање на втора доза на мРНК вакцината, но уште е рано е да се каже дали ова е директно поврзано со вакцината. Бројот на пријавени случаи по вакцинација не се разликува од очекуваниот број од страна на Центарот за инфективни болести. Со други зборови, тоа може да биде случајност и ништо повеќе. Сепак, истрагата продолжува.

Вакцина, Фото: Anadolu Agency

Вакцината против Ковид-19 ќе предизвика неплодност кај децата”

Загриженоста дека вакцината против Ковид-19 може да предизвика неплодност е мит што се шири на социјалните мрежи. Научниците наведуваат дека нема основа за еден ваков заклучок. Вакцините не предизвикуваат неплодност, ни кај мажите ни кај жените.

Вакцината „Фајзер” или таканаречената мРНК вакцина ги учи нашите клетки да произведуваат спајк протеин, истиот протеин што се наоѓа во САРС-Ков-2. Нашиот имунолошки систем реагира со создавање на заштитни антитела. Така, ако дојдете во контакт со вирусот во иднина, вашиот имунолошки систем ќе знае како да се бори против него.

Но, не постои механизам кој може да ја пренесе мРНК во јадрото на клетката каде што се се создаваат гените. „Ова е биолошки невозможно“, рече Тан. „Затоа, невозможно е да влијае на јајниците или клетките на репродуктивните органи, или на сперматозоидите“.

Моето дете може да има опасна алергиска реакција”

Реално, стапката на анафилакса е екстремно ниска кај тие десетици милиони луѓе кои се вакцинирани” рече доктор Џонс.

При клиничките испитувања не е пријавен ниту еден случај на алергиска реакција кај децата од 12 до 15 годишна возраст кои се вакцинирале со „Фарзер“.

Причина да не се прими вакцината, може да биде силната алергиска реакција на некоја од нејзините состојки.

Центарот за контрола на болестите на здравствените власти им препорачува да бидат спремни со кадар, опрема и адреналин за менаџирање на алергистиките реакции.

За да се избегне тоа, вашето дете треба да се набљудува 15 минути (или 30 минути ако има историја на алергии) по примањето на вакцината, на ист начин како што тоа се прави и со повозрасните по примање на вакцината.

На горенаведените прашања за Хелт.ком одговори дале имунолог, педијатар и експерт во областа вакцините. Написот е преведен од Порталб.мк.

Инаку, процесот на вакцинација на децата во Северна Македонија веќе неколку недели се одвива непречено и сите заинтересирани родители можат да ги пријават за вакцинација своите деца на официјалната веб -страница на Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Од вкупно 632 вакцинирани деца во земјата, до сега кај нив не се пријавени сериозни несакани ефекти.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција