Емануел и Брижит Макрон повторно мета на теоретичарите на заговор
Објавата шири одамна демантирана невистина, дека сопругата на Емануел Макрон „била маж“. На социјалните мрежи подолго време се шират невистини дека Брижит Макрон е „трансродова и дека е родена како машко“, објавувани од страна на теоретичари на заговори, меѓу кои и Кенденс Овенс, која се спомнува во објавата. Сопругата на Макрон со тужба се спротивстави на ваквите невистини кои кружат на интернетот. Објавата споделува и фотографија од посетата на Макрон на островот Сен Мартен на Карибите, една година откако тој беше погоден од ураган. Едната од фотографиите од таа посета е фотошопирана со цел да се претстави Макрон дека е хомосексуалец
Објавата шири одамна демантирана невистина, дека сопругата на Емануел Макрон „била маж“. На социјалните мрежи подолго време се шират невистини дека Брижит Макрон е „трансродова и дека е родена како машко“, објавувани од страна на теоретичари на заговори, меѓу кои и Кенденс Овенс, која се спомнува во објавата. Сопругата на Макрон со тужба се спротивстави на ваквите невистини кои кружат на интернетот. Објавата споделува и фотографија од посетата на Макрон на островот Сен Мартен на Карибите, една година откако тој беше погоден од ураган. Едната од фотографиите од таа посета е фотошопирана со цел да се претстави Макрон дека е хомосексуалец
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографии од францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, тврдејќи дека таа била родена како маж и истовремено преку фотошопирани фотографии се обидува да дезинформира за сексуалната ориентација на Макрон.
Макрон е ДЕДО Ј*Б.
Од серијалот на Candace Owens за сопругата на Макрон.
– Дали Брижит е биолошки МАЖ или жена? Зошто Брижит нема фотографии од младоста ? Зошто Макрон нема фотографии со своите родители?
Зошто Ротшилд го поставуваат Макрон за директор на банка а немат врска со банкарство (според колегите).
Candace Owens информират за пореметеноста на елитистите базиран на документирани факти… Во спротивно со вакви изјави за вакви големи јавни личности лесно ке завршит со банкропт и затвор.
Неодамна, Австралија и забрани на Candace Owens да оддржи семинар во Сиднеј. Нејзиното присутво било опасност по безбедноста на Австралија…, стои во објавата.
Објавата шири одамна демантирана невистина, дека сопругата на Емануел Макрон „била маж“.
Би-Би-Си уште во 2021 извести дека Брижит Макрон ги тужи сите оние коишто тврдат дека била родена како маж. Како што пишува Би Би Си, оваа теорија на заговор е пласирана во пресрет на претседателските избори во пролетта 2022 година.
Сопругата на претседателот на Франција со тужба ѝ се спротивстави на теоријата на заговор која кружи на интернетот (а и во објавата што ја рецензираме) дека е „трансродова и дека е родена како машко“. Првата дама на Франција се најде на мета на социјалните мрежи каде бројни тврдења за оваа невистина беа објавувани од страна на теоретичари на заговори, меѓу кои и Кенденс Овенс, која се спомнува во објавата што ја анализираме.
Овие невистини одеа дотаму што се тврдеше дека Брижит Макрон „е родена како машко под името Жан Мишел Троњо“. Името на социјалните мрежи се споменуваше десетици илјади пати.
„Ројтерс“ нотираше дека во оваа хајка против Брижит Макрон постоеја и споделувани беа различни фабрикувани фотографии за да се претстави „како таа наводно изгледала во детството кога била родена како машко“. Но, станува збор за невистина и за фотографии коишто не се веродостојни туку креирани со помош на алатки.
Објавата споделува и фотографија од посетата на Макрон на островот Сен Мартен на Карибите, една година откако тој беше погоден од ураган. Едната од фотографиите од таа посета е фотошопирана со цел да се претстави Макрон дека е хомосексуалец.
Оригиналната фотографија може да се види тука и истата е објавена на 1 октомври 2018 година.
Макрон е често мета на вакви хомофобични напади и Вистиномер има рецензирано повеќе слични вакви објави во минатото. На пример, циркулираше фотошопирана слика со него и канадскиот премиер Џастин Трудо како си ги допираат главите, лажирана слика од Макрон и украинскиот претседател Володомир Зеленски како се бакнуваат. Но, рецензиравме објави и содржини со кои се исмева неговата машкост така што го прикажуваат во розови пижами или како танцува во дискоклуб.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар