Емил Дончев
Емил Дончев е градоначалник на општина Виница во два последователни мандати.
Емил Дончев е градоначалник на општина Виница во два последователни мандати.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден е на 05.03.1974 год. во Штип.
Оженет е и татко на две малолетни деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основното образование го завршува во Виница, а средно економско во Кочани. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 1998 година на отсекот менаџмент.
КАРИЕРА
Во декември 2001 година се вработува во ЈП Македонски шуми – подружница Виница, каде работи како референт за план и анализа и раководител до 2006 година.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Член на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година.
Во октомври 2006 година е именуван во Владата на Република Македонија за Директор на Државниот комунален инспекторат во состав на Министерството за транспорт и врски.
Во јануари 2008 година е именуван за раководител на Даночното одделение во УЈП во Виница.
Во април 2009 година стапува на функцијата Градоначалник на Општина Виница. Реизбран е во април 2013 година.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на општина Виница – Градоначалник Емил Дончев
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар