Емисија на подкастот Контекст посветена на моќта на убедувањето на социјалните мрежи

Принтскрин: Јутјуб канал на Вистиномер.мк

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Јутјуб каналот на Вистиномер.мк, за проруските дезинформации, вештачката интелигенција, моќта на убедувањето на социјалните мрежи и други теми, новинарот на Вистиномер Стојан Синадинов разговара со Љупчо Поповски, новинар и политички коментатор

 

Каква е перцепцијата во светот за неолибералното владеење на американскиот претседател Доналд Трамп? Што успеа Трамп за разлика од неговите претходници?

Какви механизми има една една држава во справувањето со странските штетни влијанија? Што е сржта на македонско-бугарскиот спор? Зошто голем број од учениците од источниот дел на С. Македонија по завршувањето на средношколското образование заминуваат на студии во Бугарија, а истовремено во тие општини со години победува ВМРО-ДПМНЕ, сега најгласна партија против договорот за добрососедство со Бугарија?

На што се должи растот на европската десница? Дали политичките елити имаат обврска да бидат оптимистички настроени?

Во оваа емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на Јутјуб каналот на Вистиномер.мк, за проруските дезинформации, вештачката интелигенција, моќта на убедувањето на социјалните мрежи и други теми од домашната и светска политичка сцена, новинарот на Вистиномер Стојан Синадинов разговара со Љупчо Поповски, новинар и политички коментатор.

Има луѓе кои можеби сакаат да отидат во Санкт Петербург, или Петроград, преубав град, има три имиња, сакаат да отидат можеби во Москва, тука нема дилеми, но некои од нив сакаат да отидат и во Киев, таму се некои од најдрагоцените цркви од историјата на руското православие, како Киевската лавра, кадешто е покрстен кнезот Владимир, преубав град, вели меѓу другото Љупчо Поповски за проруската „запаленост“ на некои македонски граѓани.

Целиот разговор со Љупчо Поповски во емисијата на подкастот Контекст можете да го погледнете на Jутјуб каналот на Вистиномер.мк.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција