Емотивна фотографија лови интеракции, но креирана е со вештачка интелигенција
Фотографијата од млада девојка во болничка постела, во комбинација со пораката „излечен сум од рак“ и прашањето „дали некој ќе ми честита“, кај читателите природно може да предизвика сочувство, надеж и желба да ја споделат добрата вест. „Вистиномер“ ја постави фотографијата во повеќе сервиси за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција. Сервисот Sightengine лоцира дека веројатноста оваа фотографија да е создадена со вештачка интелигенција е 99 проценти.
Фотографијата од млада девојка во болничка постела, во комбинација со пораката „излечен сум од рак“ и прашањето „дали некој ќе ми честита“, кај читателите природно може да предизвика сочувство, надеж и желба да ја споделат добрата вест. „Вистиномер“ ја постави фотографијата во повеќе сервиси за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција. Сервисот Sightengine лоцира дека веројатноста оваа фотографија да е создадена со вештачка интелигенција е 99 проценти
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
ЧЕСТИТКИ
На фотографијата се наоѓа девојка во болничка постела, која држи знак на кој на српски јазик пишува „излечен сум од рак, дали некој ќе ми честита?“. Фотографијата е креирана со вештачка интелигенција. Но и без тоа веднаш е евидентно дека нешто со неа не е во ред во поглед на автентичноста, зашто натписот на српски јазик е како да се однесува на машко лице, а на фотографијата има женско. Исто така „Вистиномер“ пронајде слична фотографија и на Фејсбук страници на други јазици.
„Вистиномер“ ја постави фотографијата во повеќе сервиси за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција. Сервисот Sightengine лоцира дека веројатноста оваа фотографија да е создадена со вештачка интелигенција е 99 проценти.

Сервисот Imagewhisperer исто така даде резултат дека се работи за содржина креирана со вештачка интелигенција.

Сервисот DecopyAI го даде истиот резултат:

Дополнително, фотографијата е споделена во група на Фејсбук во која се споделуваат многу содржини креирани со вештачка интелигенција, кликбејт содржини и манипулативни објави.
Ваквите објави особено лесно предизвикуваат емоционална реакција кај јавноста, бидејќи користат чувствителна тема како што е ракот и создаваат впечаток дека зад фотографијата стои конкретна, успешна медицинска приказна. Сепак, без проверливи податоци за тоа кој ја објавил фотографијата, кога и каде е направена, за каква дијагноза станува збор и врз основа на што се тврди дека лицето е „излечено“, не може да се извлече таков заклучок.
Тие се конструирани така што пред сè предизвикуваат емоционална реакција, а дури потоа поттикнуваат размислување за тоа дали информацијата е точна. Фотографијата од млада девојка во болничка постела, во комбинација со пораката „излечен сум од рак“ и прашањето „дали некој ќе ми честита“, кај читателите природно може да предизвика сочувство, надеж и желба да ја споделат добрата вест.
Но, зад ова стои техника позната како манипулативно собирање интеракции (engagement farming), со која преку емотивна фотографија и порака што директно бара реакција („дали некој ќе ми честита?“) се поттикнуваат корисниците да коментираат и споделуваат. Наместо фокусот да биде на проверливи информации, содржината е поставена така што кај публиката предизвикува сочувство и потреба за интеракција.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар