Енвер Пајазити

Енвер Пајазити е градоначалник на Општина Брвеница.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Енвер Пајазити е роден на 1 февруари 1962 година во село Челопек. Основното училиште го заврши во своето село, а средното образование во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ„ Тетово.Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево.

Освен албанскиот, ги владее македонискиот, српскиот и германскиот јазик.

 

КАРИЕРА

Од 1989-2002 се занимавал со приватен бизнис.

Во 2002 година бил директор на осигурителната компанија „Сигма”.

Во 2005 година бил застапник на брендот на автомобили  „Фолксфаген“ за Тетово.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

На локалните избори во 2009 година станува градоначалник на Општина Бервенице. На локалните избори во 2013 година повторно е избран за градоначалник, на последните локални избори во 2017 година, пак,  по  третпат го добива градоначалничкиот мандат во оваа Општина.

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција