Еркан Арифи

 Градоначалник на Општина Липково, Еркан Арифи

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Еркан Арифи е роден на 19.10.1984 во Куманово  и од своето раѓање живее во неговото село Матече. Тој е татко на две деца (син и ќерка), живее со семејството и неговите родители.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното училиште го завршил во ОУ „Култура“ во с. Матече, а средното училиште во „Исмет Јашари“- Општа гимназија,  во с. Липково.  Завршил  Правен факултет на  Тетовскиот Универзитет, а на ФОН Универзитетот ги продолжил постдипломските студи по цивилно право и станал магистер.

Добро ги познава Офис и други компјутерски програми поврзани со државната администрација. Добро ги владе македонскиот и англискиот јазик.

 

КАРИЕРА

Од 2004 бил вработен во државната администрација, а бил и координатор во реализација на шест проекти од ИПА програмата – Меѓугранична соработка.

На локалните избори во октомври 2017 година е избран за  градоначалник на Општина Липково, кандидиран од ДУИ.

 

ИЗВОРИ:

Веб – страница на Општина Липково

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција