ЕУ и НАТО не го оркестрираа Евромајдан во Украина
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, граѓаните на суверени држави (во случајот Србија и Украина) незадоволни од некои состојби во нивните матични држави, го изразуваат своето незадоволство на протести. Никој не ги оркестрира, туку се работи за домашни протестни движења во кои се инволвирани лично засегнати граѓани засегнати од политиките против кои демонстрираат.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, граѓаните на суверени држави (во случајот Србија и Украина) незадоволни од некои состојби во нивните матични држави, го изразуваат своето незадоволство на протести. Никој не ги оркестрира, туку се работи за домашни протестни движења во кои се инволвирани лично засегнати граѓани од политиките против кои демонстрираат
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
денес се одбележува денот кога #мајдан го #направија #сатанскоНАТО и #педофлскаЕУ во која сите #ЗАЕДНО сакате да одите е па #одете и да не се #вратите племето #гнасно #предавничко вашепс..случајно и во #КИЕВ и во #БЕЛГРАД истата #парола бада веј да ви се #ПОСЕРАТ во устите #гнасни на сите кои ги подржувате #сатанскоНАТО и #педофлскаЕУ
Во склоп на објавата има видеоматеријали од демонстранти во Киев и во Белград.
Не е точно дека НАТО е сатанска организација, ниту пак, дека ЕУ е „педофилска“, а уште помалку дека НАТО и ЕУ се организатори на демонстрациите во Украина во 2014 година и оние во Белград кои сè уште траат. Протестите познати како Евромајдан започнаа во ноември 2013 година во Kиев кога тогашниот претседател Виктор Јанукович одби да го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ и наместо тоа се приближи кон Русија. Многу Украинци излегоа на улица бидејќи сакаа поблиски врски со ЕУ, беа незадоволни од корупцијата и се спротивставуваа на авторитарните тенденции на власта. Протестите траеа неколку месеци и ескалираа со насилства. Во февруари 2014, Јанукович ја напушти земјата. Европската Унија ги поддржуваше демократски реформи и европска интеграција, а европски политичари јавно изразуваа поддршка за протестите.
Но, нема докази дека ЕУ ги организирала или контролирала протестите. Тоа што во двете различни држави се скандирале слични пароли, не е доказ за протести што доаѓаат од ист центар. НАТО, пак, немаше директна улога во протестите, Украина не беше членка на НАТО во тоа време, ниту протестите беа формално поврзани со НАТО. Бројни невладини организации, светски медиуми и организации ги претставуваат настаните на Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина. Протестите ги започнаа украински граѓани поради внатрешни политички одлуки и незадоволство. Иако западните земји изразуваа политичка поддршка, нема потврдени докази дека ЕУ или НАТО ги создадоа или диригираа протестите.
Исто и протестите во Белград, односно демонстрациите на студентите во Србија – тие се поврзани со внатрешна состојба, трагичниот настан во кој беа загубени 15 животи, кога падна натстрешницата на железничката станица во Нови Сад. Оттогаш студентите од повеќе универзитети во Србија протестираат. На улиците се бара политичка и кривична одговорност на власта после падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад. Освен студентите и граѓаните, на протестите кои сè уште траат во Србија, се приклучија и бројни компании. Овие протести се организирани од внатрешно незадоволство и не се поврзани со ЕУ и НАТО, ниту пак Западот е вклучен.
НАТО и ЕУ не се ниту сатанистички ниту педофилски. Вредностите за кои се залага ЕУ се потврдени и со законска регулатива, педофилијата е кривично дело во сите држави на ЕУ. Според конвенцијата за заштита на правата на децата, во 34 точка се наведува тоа дека владите мора да ги заштитуваат децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, вклучително и од луѓе кои ги принудуваат децата да имаат секс за пари, или ги фотографираат на неприкладен начин или ги снимаат. Детската порнографија се казнува и е кривично дело во цела Европа.
НАТО не е никаква сатанистичка организација, туку претставува одбранбена алијанса со главна цел да ги заштити своите членови од надворешни закани. Официјалните политики на НАТО се дека не бара конфронтација, но, сепак, е подготвена да ги заштити и да ги одбрани своите сојузници. Официјалните власти од Москва го користат терминот „нов Мајдан“ и по повод обвинувањата за изборни нерегуларности во Србија.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, граѓаните на суверени држави (во случајот Србија и Украина) незадоволни од некои состојби во нивните матични држави, го изразуваат своето незадоволство на протести. Никој не ги оркестрира, туку се работи за домашни протестни движења во кои се инволвирани лично засегнати граѓани од политиките против кои демонстрираат. EU vs Disinfo пишува дека протестите Евромајдан не се оркестрирани, ниту, пак, организирани од Западот, но дека ова е проруска дезинформација.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар