ЕУ-мерките против пропагандата на руските државни медиуми не се општа цензура
Европските мерки против руски државни медиуми поради нивната улога во ширење пропаганда и дезинформации во контекст на војната во Украина се однесуваат и на бесплатни веб-страници финансирани со донации, а не само на комерцијални медиуми. Пресудата не воведува ново кривично дело, ниту значи дека секој граѓанин кој ќе сподели линк во приватен разговор или на свој профил автоматски ќе заврши во затвор.
Европските мерки против руски државни медиуми поради нивната улога во ширење пропаганда и дезинформации во контекст на војната во Украина се однесуваат и на бесплатни веб-страници финансирани со донации, а не само на комерцијални медиуми. Пресудата не воведува ново кривично дело, ниту значи дека секој граѓанин кој ќе сподели линк во приватен разговор или на свој профил автоматски ќе заврши во затвор
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Официјално, во ЕУ се одговара односно лежи, за објавување на содржина од рускиот канал Russia Today. Без разлика, дали приватно или како фирма. Слобода на медиуми?
Ништо од тоа, ЕУ пополека со салама тактика го покажува вистинското лице.
Во склоп на објавата има извадок од германски медиум (НТВ) од 3 јули 2026 година со наслов „Судот на правдата на ЕУ ја потврдува забраната за содржини од радиодифузерот Russia Today“.
Во објавата се пропушта контекстот. Европскиот суд на правдата на 2 јули годинава пресуди дека луѓето што управуваат со бесплатни веб-страници финансирани од донации можат да се квалификуваат како „оператори“ според санкциите на ЕУ кон Русија, дури и ако не се традиционални радиодифузери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар