ЕУ не е „фашистичка“

Фото:ALEXANDRE LALLEMAND on Unsplash

Не е точно наведеното во објавата дека „ЕУ е фашистичка“. Европската Унија е основана и функционира до ден денешен, врз основа на постулати кои се дијаметрално спротивни на фашизмот.Заштитата на малцинствата, силниот акцент на човековите права и основните слободи се принципите кои се спротивни на фашистичките а кои ЕУ ги промовира и заштитува. Еден од механизмите со кои се прави тоа во ЕУ е Европскиот суд за човекови права. Фашистичките режими функционираат со угнетувачки манири, прогон на политички противници, цензура, непочитување и грубо кршење на човековите права

Не е точно наведеното во објавата дека „ЕУ е фашистичка“. Европската Унија е основана и функционира до ден денешен, врз основа на постулати кои се дијаметрално спротивни на фашизмот. Заштитата на малцинствата, силниот акцент на човековите права и основните слободи се принципите кои се спротивни на фашистичките а кои ЕУ ги промовира и заштитува. Еден од механизмите со кои се прави тоа во ЕУ е Европскиот суд за човекови права. Фашистичките режими функционираат со угнетувачки манири, прогон на политички противници, цензура, непочитување и грубо кршење на човековите права

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

30 години закани и уцени од истите гомна. Немало алтернатива.
Или што, ќе ни се случи пак Борис Трајковски, Диво Насеље, ќе ни убивате пак деца како на Смиљковско???
Единствена заштита на статистите пучисти/квинслинзи им е фашистичката ЕУ. Токму затоа, истите нема никогаш да се откажат од „безалтернативните” „евроатлантски” (дез) интеграции затоа што знаат дека без нив сите ќе завршат во затвор а сè што имаат заработено од предавствата ќе им биде конфискувано.
Излезот на МАКЕДОНЦИТЕ е очигледен ! Не сакаме во Фашистичка ЕУ, уценувачка унија, ја сакаме само Македонија, каква и да е наша е, наша била и наша ќе биде. Сè друго е мачкање на очи. Не им верувам на оние што веруваат на ЕУ. Не во ЕУ. Не во НАТО. Смрт на фашизмот.

Потоа се споделува изјава од поранешната амбасадорка на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн каде таа изјавила дека „уставните измени немаат алтернатива, боли и делува нефер но тоа е чекор кој едноставно мора да се направи“. Изјавата е стара, од 8 јануари 2023 година.

Не е точно наведеното во објавата дека „ЕУ е фашистичка“. Европската Унија е основана и функционира до ден денешен, врз основа на постулати кои се дијаметрално спротивни на фашизмот. Заштитата на малцинствата, силниот акцент на човековите права и основните слободи се принципите кои се спротивни на фашистичките а кои ЕУ ги промовира и заштитува. Еден од механизмите со кои се прави тоа во ЕУ е Европскиот суд за човекови права. Фашистичките режими функционираат со угнетувачки манири, прогон на политички противници, цензура, непочитување и грубо кршење на човековите права. Како авторитарна идеологија фашизмот ги носи обележјата – диктаторски лидер, милитаризам, насилно поттиснување на опозицијата, верување во „природна општествена хиерархија“, подреденост на индивидуалните интереси за согледаното добро на нацијата или расата и силен режим на општеството и економијата. Овие обележја на фашизмот во Европската Унија се отфрлени и против нив ЕУ се бори и преку индивидуалните законодавства на посебните држави, но и преку разни конвенции, акции, институции итн.

Во фашистичките режими целта е да се создаде тоталитарна држава каде има една партија, се верува во „расна чистота и господарска раса“, а сето тоа е завиено со дискриминација и демонизирање некој „друг“ како што се Евреите,  хомосексуалците, етничките малцинства или имигрантите. Овие идеи ги мотивираат фашистичките режими да вршат масакри, присилни стерилизации, депортации и геноциди. Фашизмот ги отфрла тврдењата дека насилството е негативно или бесмислено, наместо тоа ги гледа империјализмот, политичкото насилство и војната како средства за национално освежување. ЕУ и ЕК се борат и отворено стојат против антисемитизмот, присутен и до ден денешен.

Европската Унија наспроти фашизмот, ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот спротивно на ова, промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија. ЕУ се придржува до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции во кои одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.

Во објавата се споделува и теорија на заговор дека кривично-правни настани од минатото, биле поттикнати или извршени од „квинслинзи“ и дека неименуван „некој“ сака Северна Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат за да „не завршат во затвор“ и „заработеното од предавствата да не им биде конфискувано“. За ова не се нудат никакви аргументи и самото по себе е контрадикторно, бидејќи со самиот влез во ЕУ законодавството и примената на правото се засилуваат, но и во конкретниот пост не се наведува на кого се мисли кога се споделува пропагандниот анти-ЕУ наратив.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција