ЕУ не ги забранува противградните ракети

Фото: Грузиски противграден систем/Википедија

Противградните ракети не се забранети во ЕУ. Овие ракети се користат во земји членки на ЕУ, но и земји кандидати за ЕУ. Дополнително, не е точно дека во ЕУ земјоделци не се потребни и дека истите ќе бидат заменети од вештачката интелигенција (ВИ). Напротив има дефицит и потреба од земјоделци, а еден од методите за зголемување на ефикасноста на истите и олеснување на нивната работа, со цел тие поефикасно да ја вршат работата, е преку ВИ.

Противградните ракети не се забранети во ЕУ. Овие ракети се користат во земји членки на ЕУ, но и земји кандидати за ЕУ. Дополнително, не е точно дека во ЕУ земјоделци не се потребни и дека истите ќе бидат заменети од вештачката интелигенција (ВИ). Напротив има дефицит и потреба од земјоделци, а еден од методите за зголемување на ефикасноста на истите и олеснување на нивната работа, со цел тие поефикасно да ја вршат работата, е преку ВИ 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
…Сите земји што сакаат во ЕУ и се во ЕУ, забрането е да користат противградни ракети…
Противградните ракети не се забранети ниту за земјите кандидати, ниту за земјите членки на ЕУ. Пример за земјите кандидати се Србија и Молдавија. При последните неколку бури претходната недела Србија ги користеше противградни ракети. За ова пишуваа српските медиуми Срна.рсПолитика.рс и Атвбл.рс. 
Противградните ракети не се забранети ниту за земјите членки на ЕУ и не постојат регулативи што го превенираат нивното користење. Овие ракети активно се користат во неколку земји членки, меѓу кои се и  Бугарија, Шпанија и Романија. Како членка на ЕУ, Бугарија, на пример, користи напредни системи како RAPIRA за спречување на град.
На бугарската официјална страна, министерството за земјоделие јавно го опишува методот за тоа како се користат противградните ракети и тие воглавно се грижат за употребата на истите:
Бугарскиот метод за сузбивање град со помош на ракети е доставување вештачки јадра што формираат мраз (AgJ) во облаците. Како што облаците созреваат, сеидбата ја намалува сериозноста на град и загубите во земјоделството, иако град сè уште паѓа. Оштетувањето се проценува по ударот. Системот RAPIRA управува со овој процес, ракувајќи со податоци, сондажи, сеење и контрола на проектили.
Во Романија генералниот директор на администрацијата за национален противграден систем, Џорџ Каунеј Флорески, дава интервју во врска со употребата и ефикасноста на противградните ракети.
…студии за системот почнале во 2000 година, првиот прототип започнал да се користи во Прахова во 2004 и потоа се има проширено оваа стратегија нспоред закон 173 а национално ниво… Така, во моментот работиме со 99 пунктови за лансирање од шест делумно имплементирани единици и заштитуваме меѓу 2,3 и 2,6 милиони хектари. Имаме уште 85 точки за лансирање на таблата за цртање…-Кажува Џорџ Каунеј Флореску
Според шпанските регулативи антиградните ракети се сместени во категорија P2 во Уредбата за управување со запалливи средства. Во член 142 се објаснуваат Пиротехнички производи од категориите F4, T2 и P2.
За ракување и користење на овие артикли, мора да ја поседувате експертската картичка или сертификатот опишан во Техничките спецификации 8.01, 8.02 и 8.03, во согласност со моделите утврдени во ITC број 25, пишува во Кралската уредба со која се одобрува Регулативата за пиротехнички производи и патрони.
Ова значи дека ракетите спаѓаат под пиротехнички производи и истите не се забранети, туку со одредена регулација и дозвола смеат да се користат.
Овие ракети, се стратешки поставени за да го спречат формирањето на град во облаците, што ги заштитува земјоделските реколти и почвата на која растат. Ова демонстрира дека ракетите против град се дозволен дел од земјоделските стратегии на ЕУ, што целосно се коси со тврдењето за нивната универзална забрана во објавата.

Земјоделците се стратешки важни за производството на храна

Дополнително, има уште еден спорен факт во објавата што ја рецензираме:
Во ЕУ, земјоделци не им се потребни, ке ве заменат со роботи и вештачка храна.
Во ЕУ земјоделци се дефинитивно многу потребни. Тоа е затоа што, сепак, земјоделската технологија и автоматизација се воведуваат за да ја зголемат ефикасноста и да ги ослободат земјоделците од повторливи задачи, пишуваат во магазинот Форбс, а не целосното да ја заменат нивната работа. Земјоделците остануваат клучни за задачи кои бараат човечка експертиза и донесување одлуки. Употребата на роботи и вештачка интелигенција има за цел да ги подобри работните услови и да ја зголеми продуктивноста во земјоделството, а не да ги замени земјоделците.
Тоа го констатира и Светската банка за обнова и развој во еден научен труд објавен на нејзиниот сајт:
Младите земјоделци остануваат дефицитарни во ЕУ; во 2005 година, 7,3 % од менаџерите на фармите во ЕУ беа на возраст под 35 години (горната граница е земена за да се овозможи споредување), но овој удел падна на 6,5 % во 2020 година. Сепак, ова беше повисоко отколку во 2016 година (удел од 5,1%) , со зголемување на бројките помеѓу 2016 и 2020 година за жени менаџери на фарми во сите возрасни групи под 55 години, додека за мажи менаџери на фарми забележани се зголемувања за двете возрасни класи под 35 години, пишува во извештајот на Светска Банка.
A од друга страна, од универзитетот ‚‚SAGE‘‘ на оваа тема објаснуваат дека апликациите и решенијата кои користат ВИ во земјоделството се дизајнирани за да им помогнат на фармерите попрецизно и контролирано земјоделство. Технологијата обезбедува точни совети за управување со вода, ротација на култури, навремена жетва, избор на култури, оптимално садење и контрола на штетници.
Системите овозможени од вештачка интелигенција прават временски предвидувања, ја следат одржливоста на земјоделството и ги оценуваат фармите за присуство на болести или штетници и недоволно исхранети растенија користејќи податоци како што се температура, врнежи, брзина на ветерот и сончева радијација во комбинација со фотографии направени од сателити и дронови, пишува во напис на Универзитетот.
Според сите горенаведени факти, оваа објава ја оценуваме како невистина. Ракетите против град не се забранети и земјоделците се и понатаму неопходни за земјоделието. Напредокот во вештачката интелигенција и автоматизацијата е наменет да ја подобри ефикасноста и да им помогне на земјоделците, а не да ги замени.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција