ЕУ не планира да го повлече зелениот пасош на 20 октомври
На социјалните мрежи продолжуваат да се шират дезинформации за вакцините. Но тоа што загрижува е високото ниво на интеракција во тие објави. Во содржината што ја рецензираме се тврди дека „ЕУ одлучила да го повлече пасошот за вакцинација и во тој случај нема да има потреба да се вакцинираат оние кои се уште не се вакцинирани“.
Дезинформацијата е насловена ,,Кој си накрка, си накрка” и е споделена на Фејсбук од профилот „Шќипериа“ и само за неколку дена собрала над 600 лајкови, повеќе од 180 коментари и споделена е повеќе од 70 други корисници на Фејсбук.
Значи, содржината се заснова на коментарите на познатиот теоретичар на заговори, Алфред Цако. Во овој период фигурата на Цако беше многу доминантна во медиумите, главно во антивакцинална кампања. Постојат луѓе кои не ги земаат предвид коментарите на оваа некомпетентна личност за овие прашањата, но има и многу од оние кои веруваат и кои се изманипулирани од неговите коментари.
Алфред Цако е контроверзна личност од Албанија чии коментари не се базираат на научни факти и истражувања. Дезинформациите на Цако еволуираат во зависност од текот на ситуацијата со Ковид-19. Во моментов неговите коментари се однесуваат на процесот на вакцинација против Ковид-19.
Во содржината што ја рецензираме се тврди дека „По 20 октомври можно е ЕУ да го повлече зелениот пасош. Кој се вакцинираше, си го накрка“. Меѓутоа, во моментов од надлежните органи нема официјални информации дека ЕУ има намера да преземе таков чекор. Во меѓувреме, Цако не заборава да ја повтори апсурдната теорија според која преку вакцинација во телата на вакцинираните се внесуваат чипови.
Што е зелениот пасош?
Европскиот Ковид-19 сертификат за патување во ЕУ е создаден за да овозможи слобода при патувањето, која веќе една година е ограничена поради превенција на ширењето на Ковид-19. Со овој сертификат Европската Комисија има за цел да ги тргне ограничувањата при патувањето, како на пример забраната за влез, задолжителниот карантин и тестирањето. Европскиот сертификат за вакцинација или Ковид пасошот е документ кој на патникот може да му се даде во печатена или дигитална форма. Во зависност од статусот на патникот, постојат следните видови на Европски Ковид-19 пасоши:
Пасош на вакцинација
Сертификат од направен тест
Сертификат за прележана болест
Европскиот Ковид-19 пасош им се издава на сите вакцинирани против Ковид-19 со една од четирите вакцини одобрени од ЕМА (Европската Агенција за Лекови): Comirnaty (BioNTech, Pfizer), Moderna, Vaxzevria (поранешната вакцина на AstraZeneca, Oxford) и Janssen (Johnson & Johnson). Исто така, на земјите членки Комисијата им дозволи да издаваат сертификати за патниците вакцинирани со вакцини различни од тие одобрени од ЕМА. Сепак, одлуката за тоа дали сака или не сака да дозволи влез за вакцинираните со такви вакцини останува на секоја од земјите членки.
Повторуваме: Преку вакцината во телото не може да се вметне чип
Експертите велат дека нема никаква можност да во содржината на вакцината се вметне некаков технолошки материјал. Доктор Вилбур Чен, експерт за инфективни болести во Центарот за развој на вакцини и глобално здравје при Универзитетот во Мериленд, за Политифакт изјавил дека идеата за една вакцина која содржи РФИД технологија е апсурдна.
„Дури и најмалата верзија на микрочиповите е преголема за да може да помине низ иглата на една вакцина. Микрочиповите, кои обично се употребуваат за лоцирање на домашните миленичиња, се мали колку едно зрно ориз. Ниедна од вакцините кои се аплицираат нема игла со толкав дијаметар низ кој ќе може да помине макар и едно зрно ориз”, рече Доктор Вилбур Чен.
Вакцинацијата е еден од најефикасните начини за спречување на болестите. Вакцината му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и да се бори против патогените (факторите кои предизвикуваат болести), како што се вирусите или бактериите. Тврдењето на Алфред Цако дека преку вакцините луѓето во нивните тела добиваат и чип е невистинито и апсурдно. Ова не е првпат луѓето ширум светот да се вакцинираат за да се заштитат од една болест. Знаеме дека во тек на годините луѓето се соочувале со разни пандемии и спасот од нив бил во вакцината. Освен тоа, имунизацијата е глобална успешна приказна за здравјето и развојот, која спасува милиони животи секоја година. Вакцините го намалуваат ризикот од заболување со тоа што го учат нашето тело да изгради одбранбен систем.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар