ЕУ нема врска со протестите во Америка
Протестите се американска иницијатива, организирани се од домашни невладини организации, синдикати и активисти. Европската Унија не е организатор и досега не е потврдено европско (институционално) финансирање или координација.
Протестите насочени против администрацијата на претседателот Доналд Трамп се американска иницијатива, организирани се од домашни невладини организации, синдикати и активисти. Европската Унија не е организатор и досега не е потврдено европско (институционално) финансирање или координација
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Сатанисти, педофили и неонацифашисти од ЕУ на дело…
Потоа се споделува текст од медиум за протести кои се случуваат во Соединетите Американски Држави и се насочени против администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Не е вистина наведеното во објавата дека „сатанисти, педофили и неонацифашисти од ЕУ“ се на некој начин поврзани со „делото“ на овие протести кои се одвиваат во САД. Сите учесници на самите протести се Американци, комплетно протестите се однесуваат на прашања поврзани со внатрешното управување во САД и нема никакви докази дека кој било од ЕУ е организатор или поттикнувач за протестите. Унијата во објавата се сатанизира и се омаловажува, неосновано и невистинито се доведува во корелација со криминал – педофилија – како и со идеологии против кои Унијата се бори (фашизмот) и против кои има заземено став на спротивставување.
Протестите кои се одвиваат во САД се организирани од граѓани во САД и тоа поради неколку причини – страв од авторитаризам, политики што се спорат како дискриминаторски, кратење (намалување) на социјални програми и страв за иднината на демократијата.
Граѓаните што протестираат во САД протестите ги организираа под слоганот „Нема кралеви“ (No Kings), симболична порака дека САД не треба да даде неограничена власт во рацете на еден човек. Претседателот Доналд Трамп е мета на критики од демонстрантите поради засилената имиграциска политика, масовните апсења и депортации, се критикува неговиот однос кон судството и Уставот на САД.
Протестите се насочени и против кратење на програмите за здравствена заштита, ограничувањето на образованието и социјалната помош, економските политики кои наводно ги погодиле работничката класа и пензионерите. Протестите се одржуваат во сите 50 сојузни држави, а учество земаат синдикати, граѓански организации, еколошки движења и студенти. Тие се сметаат за мирни но решителни демонстрации против насоката во која оди земјата.
Протестите наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме не се организирани од Европската Унија или од европски организации. Тие се координирани од американски граѓански прогресивни и синдикални организации. Меѓу нив е организацијата „Indivisible“, американска граѓанска организација основана по изборите во 2016 година за политичка мобилизација и отпор. Потоа меѓу организаторите е и ACLU (Американска унија за граѓански слободи) која ги штити граѓанските права и слободи, движењето 50501 насочено против авторитарна власт, како и Синдикатот на вработени во јавниот сектор и Американската федерација на наставници. Овие групи се регистрирани и активни во САД со јасна внатрешна (домашна) агенда.
Протестите се американска иницијатива, организирани се од домашни невладини организации, синдикати и активисти. Европската Унија не е организатор и досега не е потврдено европско (институционално) финансирање или координација.
Вистиномер ги дебанкираше тврдењата за ЕУ околу „фашизмот“ и „нацизмот“ овде.
Исто така, дебанкирани се и тврдењата за „сатанистите во ЕУ“.
ЕУ се бори против педофилијата која е кривично дело. Директивата за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и против детска порнографија, е само еден документ кој ја претставува непоколебливата борба на ЕУ против криминалот со педофилијата.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар