Еувсдисинфо: Избегнување наместо диjалог

Кремљ одговори на поканата на Европската унија за дијалог со бесрамен обид да го сврти вниманието од кршењето на меѓународните обврски на Русија и сопствените закони, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“.

За време на прес-конференцијата којашто следеше по состанокот помеѓу потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, имаше неколку лажни изјави, често користени  за дезинформација на про-Кремљ медиумите и документирани во базата на податоци EUvsDisinfo. Еве нколку примри:

„Санкциите се незаконски“

ЕУ воведе санкции во целосна согласност со европското и меѓународното право, ограничувајќи ја продажбата на воена и опрема со двојна употреба на Русија. ЕУ, исто така, воведе систем на индивидуални ограничувања на одредени лица, во согласност со меѓународното право и во однос на дејствијата на Русија кои ги загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Во моментот, 177 руски граѓани се предмет на индивидуални ограничувачки мерки. Повеќе за санкциите може да се прочита тука.

„ЕУ ја обвинува Русија за дезинформација без докази“

Руските медиуми, вклучително „РТ“ и „Спутник“ контролирани од државата, постојано шират лажни тврдења за пандемијата. Првата таква детектирана дезинформација ја прошири „Спутник Белорусија“, кој тврдеше дека вирусот е производ на лабораториите на НАТО. За 13 месеци, Работната група Источен Стратком собра над 700 случаи на дезинформации за ковид-19, сите достапни на оваа јавна база на податоци.

На сајтот на „Еувсдисинфо“ може да  се прочитаат повеќе анализи на слични дезинформации пласирани од провладините руски медиуми.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција