Еувсдисинфо: Сè е во насловот- уметноста на манипулација со информациите

Една веб-страница за проверка на фактите, со седиште во Молдавија, StopFals , откри дека неколку про-Kремљ медиуми објавија сторија во која се тврди дека Европската унија иницирала преговори со рускиот развивач на Спутник V вакцината, a со цел да се промовира наратив дека руската вакцина е многу барана во ЕУ.  Руските медиуми излегоа со погрешни наслови, создавајќи впечаток дека токму Европската агенција за лекови иницираше разговори со рускиот производител на вакцини, пишува Еувсдисинфо.

Всушност, портпаролот на Европската комисија за здравство изјави дека:

Европската агенција за лекови сè уште не добила барање за одобрение за ставање во употреба на руската вакцина против ковид19. Сепак, агенцијата беше контактирана од производителот на вакцини и се во рана фаза на разговори за вакцината

Европската агенција за лекови (ЕМА) не иницира преговори за вакцини туку се насочени кон обезбедување портфолио на соодветни кандидати за вакцини за ЕУ. Агенцијата обезбедува независни препораки за лекови за човечка и ветеринарна употреба во Европа, па доколку рускиот развивач сака да ги пласира своите вакцини на пазарот на ЕУ, ќе мора да ѝ се обрати на ЕМА со барање за преглед или апликација за одобрение за ставање во употреба, како и секој друг прозиводител на вакцини. Досега, според самите руски продажни места, ЕМА нема добиено апликација за продажба на Спутник V на европскиот пазар.

Прашањето со погрешни наслови може да изгледа минорно во контекст на повеќе предизвици што ги носат дезинформацијата. Сепак, насловот може да предизвика погрешни заклучоци. Оттука, иако руската државна новинска агенција РИА дава изјава од портпаролот на Европската комисија и објаснува дека ЕМА не добила апликација од Спутник V, нејзиниот наслов „Агенцијата на ЕУ за Медицина започна разговори со производителот на Спутник V“,  создава впечаток дека Европската унија ја бара руската вакцина, а не обратно, со што се зајакнува поширокиот наратив за глобалниот успех на Спутник V.

Целиот напис може да го прочитате во Еувсдисинфо.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција