Eувсдисинфо: Телевизијата РТ, информативно оружје на Кремљ

Телевизијата РТ е основана во 2005 година со една недвосмислена  цел – да ја раскаже руската перспективата за светските настани и да ја зајакне позитивната слика за земјата, пишува  „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“.

Првичната идеја беше телевизијата да се бори против застарениот поглед на Русија,  врзан за „Комунизмот, снегот и сиромаштијата“.

Маргарита Симонијан, новинарка од репортерскиот тим во Кремљ, која беше назначена за шеф на телевизијата, оваа задача ја поистовети со онаа на разгранокот на руските вооружени сили.

Симонијан ја оддалечи РТ од првичната идеја за прикажување на „Рускиот живот“ пред меѓународната публика. Каналот официјално го смени името од „Русија денес“ во „РТ“ и Симонијан вложи големи напори да го сведе известувањето за руските новини (настани) на минимум, признавајќи дека Русија едноставно никому не му е интересна:

Кога започнавме со работа, ние известувавме само за новости во врска со Русија. Меѓутоа, набрзо сфативме дека ова е ќорсокак. Мал број луѓе кои зборуваат англиски јазик би биле заинтересирани да ги следат дневните вести за Русија. Десет илјади? Можеби педесет, а можеби и сто илјади.

Наместо да се обиде да ја разубави сликата за Русија, Симонијан РТ започна со обид да го разобличи надворешниот свет, а особено се сврте кон Западот и неговото прикажување во лошо светло. РТ стана платформа за теории на заговор и шампион во борбата против сè она што е прогресивно.

Маргарита Симонијан е, очигледно, руска патриотка и покрај нејзините студии во САД кои се финансирани од американскиот Стејт департмент. Неодамна, таа нелегално влезе на територијата на Украина и даде изјава на официјалниот Твитер профил на РТ во која го поддржа рускиот експанзионизам. Симонијан, заедно со нејзиниот сопруг Тигран Кеосајан, присуствуваа на конференција во Доњецк. Конференцијата заврши со изјава во која се повикува руската влада да припои буквално половина од Украина. Меѓутоа, официален Кремљ се дистанцираше од таквите изјави и ги оцени како нејзини „лични видувања“.

Целиот напис може да се прочита во веб- сајтот на „Еувсдисинфо“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција