Eувсдисинфо:Британски дипломати „извалкани“ од Белоруските државни медиуми

Сензационалистичo известување со „разнишано“ видео од снимателска екипа која гони две лица – вака белоруската државна телевизија ОНТ избра да ја „информира“ својата публика дека белоруските власти протерале двајца британски дипломати, пишува Еувсдисинфо.

Овие луѓе собираа информации за внатрешните работи на Белорусија и развојот на протестите…Тие се состануваа постојано со претставници на опозицијата и организациите кои ги бранат [човековите] права, како и со невладините структури , вака белоруските државни новинари ги наведоа  „гревовите“ на дипломатите.

Претставник на белоруското Министерство за надворешни работи додаде дека ваквите активности се „некомпатибилни со статусот дипломат“.

Прогласувањето на британските дипломати персона нон-грата за вршење на нивната работа во согласност со меѓународните договори, е само последниот пример за зголемената параноја што ја покажува белорускиот режим. Во октомври, белоруските власти побараа од Литванија и Полска намалување на бројот на дипломатски персонал во земјата. Како солидарност,  голем број европски земји ги повлекоа свои амбасадори од Белорусија.

Меѓутоа, се издвојува последниот инцидент со британски дипломати, бидејќи овојпат медиумите контролирани од државата беа користени како инструмент за вознемирување и валкање дипломати. Белоруската телевизија не само што бркаше двајца британски дипломати на улиците во Минск (идентитетот на лицата во извештајот не може независно да се провери), туку, исто така, тврди дека еден од нив бил виден „во средиштето на случувањата во поранешна Југославија, Авганистан , Ирак и Украина “. Таквите тврдења совршено се во склад со дезинформациите кои ги шират про-Кремљ и белоруски државните медиуми, наведувајќи дека тековните протести и опозицијата во Белорусија се „ управувани од странство” Сето тоа како дел од наводно поголем и злобен заговор за создавање нестабилност во Белорусија, и пошироко по должината на руските граници.

Како што претходно напиша EUvsDisinfo, голем број новинари во белоруските државни телевизии се заменети од страна на медиумските „специјалисти“ од Русија веднаш по почетокот на протестите против Лукашенко. Се чини дека последователно, белоруските телевизиски канали контролирани од државата не само што ги усогласија своите наративи со руските медиуми контролирани од државата, туку ги прифатија и нивните тактики.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција