Европската Централна банка не повлекува банкноти од 50 евра

Фото: Ozkan Guner on Unsplash

Народната банка ќе издадеше соопштение доколку ова беше вистина со оглед на тоа што се работи за информација којашто ги афектира сите граѓани на земјава. Меѓутоа, не само што нема такво соопштение од НБРСМ, туку веќе се појавија текстови во медиумите дека се работи за дезинформација. Како што пишува „Еуроњуз“, слични вакви невистинити тврдења циркулирале и во Италија, но проверувачите на факти од Италија веќе ја дебанкираа оваа дезинформација. Нивната проверка покажа дека ниту Европската централна банка, ниту која било друга централна банка на подрачјето на еврозоната, наредила повлекување на каква било евробанкнота или монета!

Народната банка ќе издадеше соопштение доколку ова беше вистина со оглед на тоа што се работи за информација којашто ги афектира сите граѓани на земјава. Меѓутоа, не само што нема такво соопштение од НБРСМ, туку веќе се појавија текстови во медиумите дека се работи за дезинформација. Како што пишува „Еуроњуз“, слични вакви невистинити тврдења циркулирале и во Италија, но проверувачите на факти од Италија веќе ја дебанкираа оваа дезинформација. Нивната проверка покажа дека ниту Европската централна банка, ниту која било друга централна банка на подрачјето на еврозоната, наредила повлекување на каква било евробанкнота или монета!

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Иако нема официјален датум кога ќе се повлечат, се препорачува што побрзо да се ослободат од нив. Како можете да се ослободите од постарите банкноти?

Во склоп на објавата споделен е и текст со наслов „Банкноти од 50 евра се повлекуваат од оптек“.

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи постепено да ги повлекува од оптек постарите верзии на банкнотата од 50 евра со цел дополнително да се зголеми безбедноста на трансакциите за плаќање. Новите банкноти од серијата „Европа“ имаат напредни безбедносни карактеристики, вклучувајќи холограми и специјални бои, што ги прави значително поотпорни на фалсификување. Целта на оваа мерка е двојна: заштита на граѓаните од измами и модернизација на банкнотите што се во секојдневна употреба. Повлекувањето важи само за банкноти кои се издадени пред 2017 година. Иако нема официјален датум кога ќе се повлечат, се препорачува што побрзо да се ослободат од нив, пишува во текстот.

Народната банка на Република Северна Македонија ќе издадеше соопштение доколку ова беше вистина со оглед на тоа што се работи за информација којашто ги афектира сите граѓани на земјава. Меѓутоа, не само што нема такво соопштение од Народната банка на Република Северна Македонија, туку веќе се појавија текстови во медиумите дека се работи за дезинформација.

Како што пишува „Еуроњуз“, слични вакви невистинити тврдења циркулирале и во Италија и специфично во нив се наведувало дека „Европската централна банка ги забранува банкнотите од 50 евра како дел од стратегија да се бори против перење пари и финансирање тероризам“.

Но, проверувачите на факти од Италија веќе ја дебанкираа оваа дезинформација, односно нивната проверка покажа дека ниту Европската централна банка (која што се споменува и во објавата што ја рецензираме) ниту која било друга централна банка на подрачјето на еврозоната наредила повлекување на каква било евробанкнота или монета!

Ниту банката на Шпанија ниту која било друга централна банка во еврозоната нема наредено повлекување на која било евробанкнота или монета. Сите евро банкноти ја задржуваат нивната вредност и остануваат во оптек. 

Банката на Шпанија, пак, настапи со слично известување.

Банко де Еспања не нареди повлекување на ниедна банкнота, и покрај неодамнешните извештаи во некои дигитални медиуми. Сите евробанкноти може да се продолжи да се користат и нема да ја изгубат својата вредност. Како стандарден чекор во циклусот со готовината, Банко де Еспања ја проверува автентичноста и исправноста на сите банкноти коишто ни ги враќаат банките, и ги отстранува од промет оние што не се соодветни за намената. Вистинските банкноти и кованите парички во добра состојба се враќаат во оптек, додека оштетените се уништуваат и се заменуваат со други во добра состојба. Овој рутински процес не вклучува само една банкнота! Банко де Еспања ги применува истите критериуми за одржување на стандардот на квалитетот за сите банкноти почнувајќи од 5 па завршувајќи до 200 евра. Исто така е важно да нагласиме дека дури и ако банкнотата е оштетена, нејзината вредност не се губи. Секогаш може да се замени за номиналната вредност ако се донесе повеќе од половина од оригинална банкнота во Банко де Еспања или ако може да се докаже дека делот што недостасува е уништен. Така што, нема потреба јавноста да се грижи дека банкнотата потенцијално би изгубила од својата вредност, велат оттаму.

Експертите за „ЕвроВерифај“ велат дека е целосно нормално финансиските институции да повлекуваат и да уништуваат стари, оштетени банкноти.

Стандардните апдејтирања на банкнотите и на нивните безбедносни карактеристики се честа пракса на секоја централна банка. Праксата во евросистемот е дека постарите банкноти остануваат валиден инструмент за плаќање, изјави Раинер Бохме професор за безбедност и приватност на Универзитетот Инсбрук во Австрија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција