Фабрикувана изјава на Путин за мајмунските сипаници се шири на социјалните мрежи
Изјава поврзана со мајмунските сипаници не може да се најде ни на официјалниот канал на претседателот на Русија ниту во делот на руски јазик ниту на англиската верзија на сајтот. Пребарувањето на официјалните информации од Кремљ од 7 мај, кога беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници, до сега, не покажува дека Путин во било кој конктест спомнал мајмунски сипаници
Изјава на рускиот претседател Владимир Путин поврзана со мајмунските сипаници не може да се најде ниту на официјалниот канал на претседателот на Русија, ниту во делот на руски јазик, ниту на англиската верзија на сајтот. Пребарувањето на официјалните информации од Кремљ од 7 мај, кога беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници, до сега, не покажува дека Путин во било кој конктест спомнал мајмунски сипаници
Рускиот претседател Владимир Путин наводно изјавил дека мајмунските сипаници се појавиле за да не се зборува за други проблеми во светот како инфлацијата, поскакувањата и слично и тоа се споделува на социјалните мрежи. Ова е неточно. Вакво нешто Путин не кажал, односно станува збор за измислена изјава.
Путин за мајмунски сипаници
тие сакаат да размислувате сега за Мајмунските сипаници, а не за инфлацијата, цените на храната, сметките за енергија и претстојната рецесија. Обвинете го за тоа Путин и мајмуните 😏
Оваа фабрикувана изјава на Путин инсинуира дека мајмунските сипаници служат само за оттргнување на вниманието на светската јавност од други проблеми и дека не се реалност.
Но, тоа не е вистина. Мајмунските сипаници се реални, а Путин не дал ваква изјава.
Вирусот на мајмунски сипаници не е нов, напротив, досега се забележани случаи на заразувања меѓу луѓе во повеќе наврати. Неколку илјади случаи се пријавуваат секоја година, речиси сите во Африка, иако некои од новопријавените случаи во Европа немаат позната врска со Африка.
Вирусот кој стои зад мајмунските сипаници е близок роднина на оној што предизвика мали сипаници, но е помалку смртоносен и помалку пренослив, предизвикувајќи симптоми кои вклучуваат треска и осип.
Во следниот период, научниците треба да ги секвенционираат вирусите од сегашните епидемии, што ќе покаже дали тие имаат мутации што можеби ги промениле нивните својства. За неколку недели, европските епидемиолози треба да имаат појасна претстава за тоа како започнале постојните случаи и дали има врски меѓу нив.
А Путин досега не кажал ништо на оваа тема. Ваква изјава поврзана со мајмунските сипаници не може да се најде ни на официјалниот канал на претседателот на Русија ниту во делот на руски јазик ниту на англиската верзија на сајтот. Пребарувањето на официјалните информации од Кремљ од 7 мај, кога беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници, до сега, не покажува дека Путин во било кој конктест спомнал мајмунски сипаници.
Ниту медиумските пребарувања не даваат било какви резултати дека постои ваква изјава. Доколку Путин навистина изјавил вакво нешто, таа изјава ќе ја пренесеше секој мејнстрим медиум, како руски така и надвор од Русија.
Досега, единствена официјална информација од руска страна за овој вирус се изјавите кои ги даваат здравствените власти, дека Русија има имунитет на стадо против мајмунски сипаници благодарение на масовната вакцинација против сипаници спроведена порано во Русија.
Според заменик директорката на Централниот истражувачки институт за епидемиологија, Наталија Пшеничкаја, не постои специфична вакцина против мајмунски сипаници, но вакцината против сипаници може да обезбеди безбедна заштита од оваа болест.
Претходната вакцинација против сипаници ги намалува ризиците од тешки случаи на мајмунски сипаници, бидејќи сите сипаници даваат добра вкрстена заштита. Благодарение на масовната вакцинација против сипаници спроведена во Русија претходно, имаме имунитет на стадо за да го спречиме ширењето на мајмуните сипаници, вели таа.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко претходно изјави дека задолжителна вакцинација против големи сипаници била спроведена во земјата до 1980 година.
Ова не е прв случај да се фабрикуваат изјави на Путин во кој тој наводно искажува пркос кон останатиот дел од светот. Ваквите измислени објави на социјалните мрежи се креираат за да придонесат во пропагандата и креирањето на култ на личност кон одреден лидер, а притоа истовремено се она што би сакал народот да го чуе/прочита и затоа видливоста им е голема. Но, само едно пребарување на Гугл понекогаш ве дели од вистината, а во случајов тоа е дека Путин никогаш не дал ваква изјава.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар