Фактите се неприкосновени – дури и кај содржини со астролошки предвидувања

Фото: pixabay.com

Фотографијата од наводниот астролог  што се споделува во постот може да се купи од сајтовите за продажба на фотографии по цена од помалку од 14 долари и таа нема никаква врска со некаков астролог. Доколку на Гугл се побара астролог со името наведено во написот – Uranu’s child, не може да се најде ништо, иако во текстот се посочува дека тој е доста познат и има голем број следбеници на социјалните мрежи.

Фотографијата од наводниот астролог, што се споделува во постот, може да се купи од сајтовите за продажба на фотографии по цена од помалку од 14 долари и таа нема никаква врска со некаков астролог. Доколку на Гугл се побара астролог со името наведено во написот – Uranu’s child, не може да се најде ништо, иако во текстот се посочува дека тој е доста познат и има голем број следбеници на социјалните мрежи

 

 

Пост на Фејсбук пренесува предвидувања на некој астролог, убедувајќи ги читателите дека неговите пророштва за она што не чека во блиска иднина се точни.

Постот, користејќи ја актуелната состојба со војната во Украина и неизвесноста од светската економска состојба, пренесува напис со атрактивен наслов: „Залудно трупате залихи брашно, масло, шеќер: Познат астролог предвидува што не чека во блиска иднина“.

За да биде поубедлив написот, тој е придружен со фотографија од повозрасен човек со брада. Но доколку ја побарате фотографијата на Гугл, ќе видите дека станува збор за фотографија која може да се купи од сајтовите за продажба на фотографии по цена од помалку од 14 долари и таа нема никаква врска со некаков астролог.

Многумина ги обожаваат неговите астролошки анализи и толкувања на моменталната ситуација на небото, но и на земјата, често со толку многу духовити описи, што многумина се смеат на тоа колку се брутално искрени и на крајот на тоа колку можат да бидат застрашувачки. Астрологот Uranu’s child, кој има голем број следбеници и обожаватели на социјалните мрежи, поради неговата единствена интерпретација на времето во кое се наоѓаме, за читателите на Gloria.hr, ја напиша својата анализа за периодот што претстои, се вели на почетокот од написот кој го анализираме.

Доколку на Гугл побарате астролог со името наведено во написот – Uranu’s child, нема да најдете ништо, иако во текстот се посочува дека тој е доста познат и има голем број следбеници на социјалните мрежи. Линк до оригиналната објава (наведено е дека текстот е преземен од Gloria.hr), нема.

Написот посочува дека, според астрологот, луѓето не треба да паничат и да трупаат залихи од масло, брашно, шеќер и слично. Предупредувањата да не се трупаат залихи од брашно и зејтин ги слушаме секојдневно и од нашите власти.

Не треба да купуваме или да правиме никакви залихи. Астролошки гледано некако ми се чини дека нема смисла, и онака живееме во маргинални времиња кои делуваат многу нелогично и наопаку, но во суштина не се, но таа тема е за друга и многу подолга приказна. А што ако за неколку години, кога Плутон ќе влезе во Водолија, сите не исчезнеме од лицето на земјата, што во малку поекстремна астросимболизам воопшто не е невозможна слика? Тогаш за што ти треба масло, брашно и слично? Оваа позиција е црно-белиот свет, шемата „или – или“. Или сите ќе исчезнеме или конечно ќе се трансформираме и менуваме, ќе се разбудиме, но нагло и суптилно, предвидува овој астролог.

Уште вели дека сето ова би се случувало кога Плутон ќе навлезел во Водолија.

Астрологот, значи, ги советува луѓето да не трупаат залихи, бидејќи може да дојде до крај на светот и сите луѓе да исчезнат од лицето на земјата.

Понатаму тој зборува за некакви нови религии и религиозни војни па спомнува некој нов, млад папа „воен свештеник и вистински и храбар борец во црковните редови“. Се спомнува некоја нова млада религија која може да стане опасна.

Во 2024 година тој предвидува радикални и видливи промени, револуции и анархија на глобално ниво. И тоа е истиот период кога Плутон ќе влезе во Водолија, кога требаше сите да исчезнат од лицето на земјата!

По ова, вели астеологот, многу работи ќе се сменеле, роботиката ќе го заземела приматот. Како тоа да не ни е јасно дека со развојот на технологијата роботиката ќе се развива, па требаше овој астролог да ни го предвиди.

Понатаму астрологот вели:

Покрај сето горенаведено, Плутон во Водолија првенствено зборува за слободата како таква. Сепак, оваа поза е најблиску до сликата за еден вид контролирана слобода, па пуштете ја вашата фантазија да се разбуди. Дали оваа најоддалечена и речиси најмоќна планета на Сончевиот систем ќе работи на ослободување на човекот од најлошите демони и слабости, желби, расипани желби, зло и други слабости, огромно его и потребата да се акумулира? Секако, но треба да се напомене дека ние сме најслободни кога најмалку ни е потребно. Ќе бидеме ли слободни дека не мора да правиме ништо, на пример, или барем дека не мора да работиме и да се грижиме на некој, од оваа перспектива, незамислив начин?

Ако разбравте нешто, добро е. Но, во секој случај, тврдењето за Плутон дека е „речиси најмоќна планета на Сончевиот систем не е точна. Плутон, според Меѓународната астрономска унија, која е задолжена за овие работи на глобално ниво, веќе 15 години воопшто не е ниту класифицирана како планета.

Гас, нафта, јаглен, тресет, керозин, биомаса, електрична енергија – кој знае што ќе биде со енергијата. Ова е местото каде што работите значително ќе се променат. Во кој правец и на кој начин, останува да видиме. За такви треба добро да ја знаете работата. Можеби ќе користиме само сончева енергија, а земјата, водата, воздухот и природата воопшто, ќе го искористиме да го прашаме Бога на кој начин.

Светот веќе одамна тежнее кон тоа да се насочи кон целосно користење на сончевата енергија и тоа не е нешто што некој астролог треба да го предвиди за да ни стане јасно.

Задачата на Плутон е радикално да го промени, урне и уништи старото и гнило кое се заменува со новото. Дали Плутон во Водолија ќе го направи човекот поотпорно и посилно суштество или целосно ќе ги уништи сиромашните, како сè, од симболиката на Водолија, пред се технологијата, машините, чиповите, роботите и којзнае што постои или ќе постои. И ова е слика каде што сè технолошко, напредно и револуционерно оди против човекот. Ќе видиме!

Дали? Ќе видиме! Е, ова се зборови кои не се очекуваат да се слушнат од некој „кој ја претскажува иднината“. Ова секој може да го каже.

Досега, и покрај големите научни откритија, не се откриени механизми со кои би се предвидувала иднината, така што секоја информација што го тврди спротивното е невистинита и спротивна на научните факти.

Без оглед на сè, па и без оглед на астролошките тврдења наведени во постот, значи ако ги тргнеме и нив настрана, фактите што фотографијата не е од никаков астролог, туку станува збор за тнр „сток“ фотографија наменета за продажба, што астрологот за кој се тврди дека е познат и дека има многу следбеници на социјалните мрежи, а никаде не може да се најде, како и тоа што за Плутон се вели дека е планета, што не е точно, значат дека во овој пост има доволно неточни елементи за тој да се означи како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција