Фактоје: Дали платата за наставниците во Албанија навистина ќе се зголеми за 15 проценти?
Според премиерот Рама и министерот за финансии и економија Анила Денај, зголемување ќе има за наставниците од основните и од средните училишта.
Првите ќе добијат 6.300 леки повеќе плата, додека вторите ќе има просечно зголемување од 6.750 леки.Зголемувањето на платата се очекува да стапи на сила од 1 јануари 2021 година.
Но, дали е ова навистина 15% зголемување на платата?
Ако ги анализираме бројките презентирани од Министерството за финансии и економија и Кабинетот на премиерот, зголемувањето за секоја од двете категории наставници споменати погоре не е повеќе од 9,6 – 9,8%.
За наставниците во основните училишта, според официјалните податоци, наставник од оваа категорија, во просек, прима бруто плата од 65.800 леки месечно. Ако се додадат 6.300 леки, платата достигнува 72.100 леки, но зголемувањето не е 15%. Пресметката е едноставна: 65.800 x 15% = 9.870 леки. Зголемувањето излегува околу 9,6% (72,100-65,800 / 65,800 = 9,57). Дури и ако го пресметаме зголемувањето за нето-платата, тоа не резултира со повеќе од 9%.
Исто е и за наставници во средните училишта, според официјалните податоци, наставник од оваа категорија, во просек, прима бруто плата од 68.800 леки месечно. Ако се додадат 6.750 лека, платата достигнува до 75.550, но зголемувањето не е 15% – според пресметката: 68.800 x 15% = 10.320 леки. Зголемувањето изнесува приближно 9,8% (75,550-68,800 / 68,800 = 9,8). Дури и во ова категорија, ако го пресметаме зголемувањето за нето-платата, тоа изнесува нешто повеќе од 9%.
Вакво мислење за најавеното зголемување на платите на наставниците искажа и претседателот на Независниот синдикат на наставници, Невруз Каптели.
Во интервју за ТвТ, Каптели рече дека реалното зголемување не е 15%.
Платата е 65.800 и станува 72.100. Зголемувањето според владата е 6.300 ЛЕК. Всушност, 15% од 65.800 не чини 6.300 леки, се прашувам како се обидуваат да ги измамат наставниците. Ако платата се зголеми за 15% од она што го објавија, треба да биде 9.870 леки, објасни тој.
Тој, исто така, покажа дека ваквата логика важи и за платата за наставниците во средните училишта. Каптели меѓу другото рече дека ова е лага за наставниците.
За нас, ова е следната измама на оваа влада. Не е висрина дека платите ги зголемуваат за 15%. Немојте да мислите дека наставниците се глупи , рече тој.
Врз основа на пресметката на добиените податоци во анализата, „Фактоје“ првичната изјава за зголемување на платата за 15% ја оцени како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар