Фактоје: Граничниот премин Какавија е отворен за сезонски работници во Грција

Со појавата на коронавирусот во Албанија, една од владините мерки за ограничување на движењето беше затворање на нејзините граници. Така што, од март границите се затворeни, ама, според најавите, наскоро се очекува отворањето кон соседните земји.

Пред околу еден месец премиерот, Еди Рама  во разговор со граѓаните ( на  социјалните мрежи Фејсбук),  вети дека кон средината на мај ќе се отвори границата со Грција за сезонските работници.

Од верификацијата што ја направи албанскиот сервис за проверка на факти, „Фактоје“, произлегува дека во четврток, 14 мај, преку граничниот премин Какавија, поминале првите автобуси со сезонски работници. Според изворите, до овој момент поминале три автобуси, со по 20-25 работници, на кои им било обезбеден договор за вработување како еден од основните услови за патување во Грција.

Компанијата која го врши превозот на работници, информираше дека патувањата ќе продолжат и во наредните денови бидејќи апликациите се бројни. За да се овозможи премин на грчката граница, работниците мора да бидат обезбедени со договор од страна на работодавачот и да се почитуваат превентивните мерки за спречување на ширењето на „Ковид-19“: одржување на хигиена, одржување на растојание, маски и раквици.

Сите заинтересирани за сезонска работа во Грција, можат да се пријават на порталот workenegreqi.gr . Според овој портал, кој се занимава со организација на сезонски работници, за работа во Грција можат да сметаат не само работниците кои во текот на изминатите години веќе биле ангажирани во земјоделството, туку и оние кои сакаат за првпат да се пријават.

Со овие аргументи, „Фактоје“ ова ветување на Рама го оцени како исполнето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција